Магичен круг [МЗИ]

Day 3,249, 13:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Добра ви вечер народе.

Со оваа статија ќе се обидам на кратко да ви ги доловам случувањата во последните месец и половина.

Статијата ќе биде поделена во неколку дела со цел подобра прегледност.




1. Магичен круг

1.1 НАП

2. Питач

2.1 Даноци

3. Тренинг војна

4. Чиле

4.1 Сојузници





1. Магичен круг

Сведоците сме дека нашата држава е западната во еден магичен круг веќе втор месец со добропознато сценарио. Почеток на мандат жива мизерија како финансика така и воена, но како што одминува месецот бледата и сива Македонска слика добива на боја и тон. Ги бришиме Грците и ги оставаме без конгрес. Со помош на Астерија и другарчињата на Грците остануваат без конгрес Турците и Хрватите.

1.1 НАП

Изморени сме од овој магичен круг како ние во влада така и вие како војници. Се трудиме да дојдеме до некакво решение веќе два месеци но никако не се наоѓа слух кај Бугарите кои несакаат да слушнат за НАП и постојано едни исти работи ни повторуваат за да не мотаат и да ја продолжиме војната.

Во моментот владиниот дипломатски тим е во интензивни преговори со Бугарската влада за постигнување на НАП, но засега нема ништо конкретно и нема оптимизам дека ќе се реализира. Останува да се почека и да видиме дали ќе има промена на ставовите во наредните денови.




2. Питачот

Претходниот месец Северус се молеше и колеше да добиеме средства преку шаути за да успееме да превземеме иницијатива по наследената празна каса. Зошто Македонија да биде питачот и постојано да кука и да чека на туѓа милостина за да имаме и ние мал финансиски ветар во грбот?

Затоа ќе се осврнете на следната подточка:

2.1 Даноци

Незнам зошто некои луѓе упорно се трудат да создадат непотребна нервоза за даноците кои ни се основата за водење на оваа безсмислена војна. Ние не сме оние кои ја диктираат војната и намерно несакаме да ја запреме. Погоре кажав зошто неможеме да стигнеме до НАП и војната мора да продолжи. Многупати се дискутирало за ова, наместо да питачиме по светот и да ни се смее има механизам имаме можности, а сите кои имаат фирми кога е Македонија избришана знаат дека тогаш се и во поголема криза.




3. Тренинг војна

Година дена водиме тренинг војна со Индија, а сеуште имаме проблеми со враќање на регионите преку востанија. Добро бре луѓе што ви е проблемот? Уште не научивте како функционираат работите или намерно се трудите да отежнувате? Истите медали што ги земате на Македонска страна земајте ги на Индиска и проблемот е решен.




4. Чиле

За жал наш голем сојузник, па со право ќе речам и наше дете кое како мало го раневме при нивниот ББ порасна, крена рака на татка си... Замина од гнездото и реши само и слободно да дише со лошото друштво кои го носат во пропаст. Тоа е нивна одлука и ние стоиме неутрално во однос со нив засега. Секој нивни чекор ќе биде следен и осуден доколку директно има штетни последици врз Македонија.

4.1 Сојузници

Нашите нови пријатели од Астерија досега ни го понудија нивниот грб за да се потпреме на нив и ни понудија безрезервна поддршка како на воен како и финансиски план (неможеме да чекаме финансии од нив постојано затоа е важна точка 2).

Благодарни сме на секоја држава и војник од Астерија кој ни помага во битките со Грција. Оваа помош ќе биде вратена еден ден.

Се работи на нови МППа со држави со кои во минатото сме немале никаков контакт. Ќе бидете благовремено известени и се надевам дека Македонија во иднина ќе биде уште помоќна.




Некои работи можеби и се повторуваат, но мора да се одржува активност на владата за да не западнеме во летаргија и негативни коментари од заедницата поради неактивност.

Останете ми со здравје и ве молам почитувајте ги наредбите и приоритетите.

Министер за Информирање

akconel

ПС

На посета во Македонија дојде играч од Јужна Кореја кој прави репортажи за државите каде што оди на посета, историја, знаменитости, начин на живот, култура, храна и сите убавини што една држава може да ги понуди.

Неговата првична статија е оваа:

Здраво, Македонија! - Enter the picture contest and win 500CC!
https://www.erepublik.com/en/article/2616429

Да му помогнеме да направи прекрасна репортажа за Македонија.

о7