Интервју со Персеј Македонски

Day 1,903, 09:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Konan Varvarinot

Здраво драги мои денеска кје ви го презентирам интервјуто со Персеј Македонски

1.Кој е Персеј Македонски во реалниот живот ?

Зоран Мијалков од Штип, Татко на два сина, Голем верник во БОГ, бранител од 2001 и крводарител. Работам како библиотекар во единствената библиотека на тркала во Македонија Инфо-бус

2.Зашто името Персеј Македонски ?

Персеј бил последниот крал на Антигонидската Империја една од наследничките на Македонската Империја на Александар Македонски, водел 3 Македонско – Римски војни и во 3-тата предаден од својата коњаница кај планината Пинда е заробен и Македонија е поделена на 4 области од страна на Римјаните. Во негова чест во сите воени игри кои сум ги играл, ги игам и ќе ги играм налозите го носат името Персеј Македонски

3.Кога започна да играш еРепублик и што те поттикна да играш ?

eRepublik birthday, Jun 16, 2011 На ФБ случајно ми падна во око линк од играва која беше опишана како воена игра во која Македонија е во војна со Двоцефките и бугарите – секако тоа за мене беше и повеќе од доволна причина.

4.Со кого од играва се спријатели ?

Се спријателив со многу играчи и со голем дел од нив имав чест и среќа лично да се запознам. Најавувам собиранка во Штип за овој месец, само чекам да заврши испитната сесија на повеќето играчи.

5.Кога кје слушнеш еРепублик на што прво те потсетува ?

Ме потсетува на најбитната работа во врска со мултиплеер игрите – моите новостекнати пријатели коида не беше играта никогаш ќе ја немав среќата да бидат дел од мојот живот

6.На кого се спремаш да му ја дадеш подршката овие претседателски избори и зошто?

Овие избори имаме одлични кандидати и очигледно е дека зборот ќе падне на еден од двајцата кандидати Прилепчанче и Буце, кој и од нив двајцата да победи сигурен сум дека еМакедонија ќе напредува. И двајцата се активни играчи и што е најважно Македонски патриоти кои се кандидираат за да ја унапредат нашата сакана еМакедонија.

7.Што мислиш за моменталната состојба во еМакедонија ?

Моментално еМакедонија не е на нивото од порано кога имаше повеќе жар во играва, дел од ова се виновни админите а за дел сме виновни ние самите бидејки и овде во играва владее Македонскиот синдром на неединство, но пополека почнаа да доаѓаат и нови играчи и мислам дека имаме шанса пак ако иамме неколку месеци по ред добри претседатели да станеме империја.

8.До кога планираш да играш еРепублик ?

Играва ќе ја играм се додека постои!

9.Што правиш кога не играш еРепублик ?

Кога не играм еРепублика имам 101 обврска брат, но фала му на БОГА за мојата вродена упорност, така да некако успевам колку толку да ги завршам сите задачи.

10.Има нешто што би го променил во играва кога би имал таква можност?

Би променил многу работи брат. Би требало да има подобар економски модул, кога некоја земја е окупирана на пример тоа да го осетат играчите на таа земја така што даноците и дел од нивните пари би одел како данок за окупаторот, би требало цената на златото да биде поефтина така што секој би можел да си дозволи одвреме навреме да купи злато и слични работи

11.Твојот најсреќен и најтажен момент во играва е ?

Најсреќен момент во играва беше кога ми се роди вториот син, а првиот испука за мојот втор БХ медал

Најтажен момент во играва – имам неколкумина такви моменти

Банирањето на играчи како толе Паша ( добро е што пак игра ), откажувањето на Воикс и други добри пред се луѓе а дури потоа играчи и секако кога доживеав во неколку наврати Македонци да одат против Македонија па дури и да си пукаат против својата земја.

12. Колку години имаш ?

Имам 33 години

13.И за крај што сакаш да им препорачаш на останатите играчи ?

Најважно од се во вакви игри е стекнувањето на нови пријатели, јас лично од оваа игра сум побогат за многу нови пријатели кои ќе ми бидат пријатели до крајот на животот.
На оние кои поради мојата инпулсивност сум постигнал да бидат навредени им се извинувам, но тоа е се во жарот на играта. Што да правам кога сум еПатриот, тоа ни е работата 😉

Ви благодарам што потрошивте 1-2 минути да прочитате нешто и да дознаете во врска со Персеј Македонси еден од многуте еМакедонски Патриоти.

Останете ми со здравје..
За Shout:
Интервју со Персеј Македониски
http://www.erepublik.com/mk/article/-1-2206557/1/20