Прва собиранка во Охрид ^^

Day 1,776, 10:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Wendy Power

Ерепублик е игра која нуди многу можности. И покрај големата палета на опции во кои луѓето се пронаоѓаат играјќи ја и поминувајќи време на неа, најважните моменти кои ги поминуваме не се тие во неа; туку тие кои сме ги создале во реалниот живот со луѓето кои сме ги запознале на истата. А токму тогаш може да се почувствува вистинското задоволство и вредноста на оваа игра. Досега беа организирани повеќе собиранки на различни локации, но на наша голема радост, за прв пат беше и официјално организирана и собиранка во Охрид.

Поминавме часови на забава, смеа, дружење, и поблиско запознавање со сите присутни на собиранката. Сакаме да му изразиме благодарност на организаторот, Psycho1992, без кој овој настан немаше да се реализира. Имавме повеќе гости од различни градови од нашата Македонија, кои специјално дојдоа и ни се придружија во убавите заеднички моменти. Припадништвото на различна воена единица, политичка партија, како и поседувањето на друго е-државјанство е сосема неважно. Собирите се доказ дека се што се случува онлајн може да биде надминато и да се роди пријателство меѓу сите присутни.

Организаторот: 🙂



Во прилог следат фотографии од собиранката која се случи вчера....И се започна вака...















Па атмосверата почна да се вжештува....продложивме надвор... 🙂 Повеќето од присутните нажалост мораа да не напуштат поради работни обврски,ограниченост со време,ограничени со превоз и слично....

Кој е кој!?
Од лево на десно 🙂 Прва сум јас до мене BucephalusIII до него acezuti, па Hogar7, Ranken MKD, Trajce Petkov, Crawlerz и donorom 😃













Па при крајот ни го донесоа ова...🙂




Забавата продолжии 🙂🙂🙂 Кај Паткана...по иницијатива од "Трајче" 🙂

Тој и си најде пријател од Словенија...


А ние вака продолживме...🙂













Времето минувашее...се ближеше крајот...па ние за крај решивме да ги однесиме СКОПЈАНЧИШТАВА ( шала 😉 ) да го видат езерото 🙂



Двајцата ЖУТИ 🙂



Кој е нај жолт/плав 😁





Уште еднаш им се заблагодарувам на сите што дојдоа што беа наши гости и што присуствуваа на нашиот собир, се надевам дека убаво си поминаа 🙂 а за тие што неможеа да дојдат еве преку слики им го прикажуваме нашиот помин...!!!

Ве сака ваша Wendy Power ♥ 😁 \o/

За шаут:

Прва собиранка во Охрид 😁
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2130350/1/20