Алчност -- Карактерна особина

Day 1,679, 15:28 Published in Poland Poland by kojoti2

За време на турско еден аскер влегов во Македонско село и на еден од селаните му ја запалиле куќата, му го ограбиле добитокот и му испоубиле пола фамилија. Кога се вратиле соселаните во селото на селанецот случајно му испаднал кубурот од пазувите и соселаните го прашале што му е тоа а овој кратко одговорил тоа е за црни времиња.

Некако оваа ми се врти во глава не само следејќи ја оваа игра туку и се онаа што ни се случува во реалниот живот.

Колку и да се трудиме и да викаме дека е оваа игра и дека нема везе со реален живот барем според мене не е така (други може си имаат друго мислење и не им се мешам во тоа).

Секоја единка си има свој карактер со кој се стекнува во тек на животот врз кој влијание има фамилија, опкружување, другари, образование итн.

Карактерот го води човекот низ животот и зависно од него си донесува одлуки кои натаму му помагаат или не во животот.

Една карактерна особина е посебно интересна и ќе дадам неколку примери од реален живот кој можеби ќе покаже дека како во реален живот така и овде во играта е многу поврзана и за жал е многу распространета во Македонија – Алчност.



Сите кукаме од нашите Шиптари (Албанец е граѓанин на Албанија) дека не угнетуваат а забораваме дека голем дел од населбите во кои тие живеат беа Македонски. Поради алчност им се продаваа од страна на Македонците се додека не станаа мнозинство. Ваков пример има во Куманово а верувам дека е исто и во други градови во Западна Македонија. Заради алчност сами си го продаваме еден од најубавите делови на Македонија те не купуваат со пари – Алчност.

Доктори бараат пари за интервенции, се бараат пари за вработување, се бараат пари за да се положат истпити, да се добие некој тендер итн.

За да напредуваш во некоја институција каде што си запослен треба или да си лижигаз, да потплатиш или да си партиски потрчко ретки се оние кои напредуваат заради својот карактер и сето тоа е водено од наша алчност.



Вакви примери може да набројувам до утре а на вас оставам да ставите прст на глава и да се замилите дали оваа игра не претставува огледало на реален живот....

Поздрав Македонијо