Дали честа има цена?!

Day 1,679, 01:38 Published in North Macedonia Italy by Mlster X

Има една песта во еден нејзин дел вели: Среќата со пари не се купува. Точно, среќата со пари не се купува, додуша некој среќен го прават парите па така ова е точно но делумно, но честа дали се купува и дали има цена?
Пријателството, довербата, честа се работи кои многу тешко се стекнуваат. МНОООГУ ТЕШКО но ако се разнишаат, треба многу работа и време за да се вратат на вистинското место. Некогаш е дури и невозможно.

Ќе речам, луѓе сме грешиме. Точно но затоа можеме да се покаеме ако ни се битни овие работи погоре наброени. Ако не, тоа е тоа и такви се какви што се тие на кои не им е важно пријателството, довербата и честа.

Вчера се случи нешто, верувам дека повеќето знаат што се случи.

Личните интереси беа поважни од државните, од старите пријателства од довербата од честа. Некој ќе рече: игра е ова. Да точно дека е игра и дека е виртуелно. Но дали пријателствата, довербата и честа стекнати кон некоја личност, народ, група и т.н. да не набројувам се виртуелни?

Стекнав многу вистински пријателства а не виртуелни, вистинска доверба а не виртуелна, така да дека ова е игра и ништо не е битно, едноставно не држи вода.

За колку се продаде вчера една група? За 60 евра, или за 25 евра?
Дали вредиме 3000-4000 денари? Тоа е многу, тоа е вредноста на целата група, поединечно изгледа вредиме многу помалце. Стотина денари? Може не е ни толку. 🙂

Вистинските пријателства и доверба биле продадени за 100-тина денари?!
Уствари грешам. Некој не му е битно пријателството, честа на својот народ и довербата. На некој му е важен само личниот интерес кој е 100-тина денари.

Некој вчера си поигра и за 100 евра купи и ќе купи уште многу пријателства, или непријателства. Всушност којзнае и дали ги дал воопшто тие пари? Може се државни па ништо лично не го чинат.

Ние вчера губевме а друга група пукаше против сојузници. Не ја насочиа штетата за сопствената држава и не помогнаа, туку дури и пукаа против старите пријателства. Заклучок?! Сами донесете. :/

Честа пријателството и довербата некои не ја даваат и продаваат за ништо.
Тие што сте такви останете и понатаму, тие што не се ако имаат некоја доблест во себе нека станат а ако им е важно само среброљубието (во овој случај виртуелно) за тие немам што повеќе да кажам.

Поздрав до сите чесни, доверливи и пријатели! о7 🙂

Ве молам за претплата, глас и извик.

Се најдобро! Собирајте добродетели а не расипништва, тоа ќе ве направи вистински и добри личности!