Силата на новите пријателства

Day 1,589, 13:50 Published in North Macedonia France by Princess Emily

Последниве денови не направија сведоци на целосен пресврт во досегашната ситуација. Заплетот, не до толку неочекуван, сите нас не донесе до точката од која нема враќање. Неизбежната точка по која ништо повеќе нема да биде исто. Извесноста на ситуацијата не беше доволна истата да се спречи. Симболиката за постигнување нешто поголемо, на потенцијалниот почеток за остварување на повисока цел, конечно доби своја смисла и почетна фаза на развој. Но, покажавме дека вреди. Се што ќе се вложи, ќе вреди, бидејќи не е доволно само да се победи во една битка, треба да ја победиме војната. Исконската војна која потекнува од првите денови на создавањето на државите на е-мапата. Предодредена или не, пресликана од вистинско место, или не, единствено што е сигурно е дека не е случајна. Се се случува со причина, а на нас ни претстои да ја пронајдеме. Заедно.

Секој почеток е тежок. Верувам дека сите еМакедонци ја разбираат ситуацијата во која еБугарија се наоѓа во моментов. Завршувањето на повеќе пријателства, и започнувањето на нови, влијае на сечии впечатоци, и е клучен момент за иднината на секоја индивидуа во оваа игра. Ги разбираме вашите измешани чувства, и ви ја нудиме нашата безусловна поддршка. Можеби не веднаш, но веруваме дека набрзо сите граѓани на еБугарија ќе бидат подготвени за ново опкружување, и нов лист во кој ќе се пишува нашата е-иднина. Без разлика на причината која не спојува, ние имаме причина да се бориме. А тоа не става во една слична позиција, од која сите би можеле да излеземе како победници. Но само ако заедно ја превземеме е-иднината во нашите раце. Да заборавиме на минатото и гордо да погледнеме на иднината. Лекцијата чиј текст денес почнавме да го читаме, е далеку од својот крај. Но искажаната желба, подготвеност и страста со која секој од нас, ја започна војната беше за восхит. Тоа е клучот што нас ќе не однесе напред, до победата. До слатката победа над нашиот заеднички непријател, нашиот поранешен брат, кој го злоупотреби значењето на тој збор, и ни заби нож во грбот. Себичната политиката на грижење само за своите интереси, и ништо надвор од тоа, можеби им ја обезбеди позицијата на надмоќ и им овозможи посед на повеќе ресурси. Но ништо од тоа нема да биде важно доколку сите ние решиме да и ставиме крај на серијата триумфи на вечниот Јуда. Придружувањето на ветрот нема секогаш да им носи победи. Време е да покажеме дека со нас не се игра.

Со оглед на новосоздадените околности, знаеме дека ова е добар почеток јавно да ги пропагираме нашите желби, и да дозволиме истите да не обединат како сојузници, но и како пријатели. Имаме потенцијал да го исфорсираме крајот на нашиот заеднички непријател. Да ги оставиме поранешните недоразбирања настрана и да се обединиме за да одржиме лекција на предавникот која никогаш нема да ја заборави. Предавниците не смеат да поминат неказнето. Ајде да заборавиме на меѓусебните пречки, кои се неважни со оглед на тоа што можеме да го добиеме. Слатка одмазда. Таа е само на чекор од нас, мал, но значаен чекор, во кој ќе биде отсликана храброста, заедништвото и меѓусоседската соработка на нашите народи. Сето тоа постои, и сега е вистинскиот момент да ја покажеме силата која произлезе од нашите активности.
Само обединети можеме да постигнеме се!