Од Цивилите до Владата на Р.М.

Day 1,483, 09:38 Published in North Macedonia Serbia by Archibold


Добар ден еМакедонијо добар ден драги сограѓани, цивили.


Денес се нафатив да напишам статија кои се "придобивките" на цивилите од нашата Држава, односно за цивилите кои секојдневно плаќаат Даноци и ја полнат државната каса, плаќаат за Државјанства за повраток во својата татковина, а за возврат не добиваат ништо од истата.


Сакам да упатам молба до нашиот Државен врв, да направи промена и да го врати назад во функција Министерството за Внатрешни Работи на Р.М.

Со што цивилната војска на дневна база ќе добиваат одреден број на тенкови кои ќе бидат поделени во одредени термин(и) за да можат да прават поголема штета, а не да се ограничуваат со нивните ресурси за убиени 25 непријатели за Дневната Мисија од Паравоените единици.

МВР во времето на Дон Тас функционираше на одличен начин со добра координација. Имаше секојдневни поделби на 300 - 400 Q5 тенкови, каде скоро сите командири на Паравоените единици кои во своите редови имаа цивили беа известувани за да ги информират за времето и местото на поделбата.

Еве неколку архивирани евидентни листови од поделбите на МВР кои беа доставувани до Министерот за Економија и финансии:

Поделба бр.12
Поделба бр.13
Поделба бр.14

Ги повикувам сите цивили заеднички и сложно да го побараме од државата тоа што го заслужуваме, тоа што може и мора да го направи за нас. А не, да не става настрана и само да не повикува во најтешките моменти да ја пукаме нашата зимница. Време е државата да направи нешто за нас!




Македонија Вечна о/