[МНР] еШвајцарија, што како

Day 1,398, 14:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Здраво на сите, се надевам ќе ве најдам во добро расположение, 4то место не е воопшто мала работа. Нема што да жалиме, ќе гледаме добри натпревари следната година : )



Што се однесува до надворешните работи на еМакедонија, не знам како 😉 ([МНР] Нови Амбасадори), ама некој од МНР ме одбрал да бидам е-амбасадор во неколку земји, па следниве месеци ќе ве гњавам малку повеќе од обично со статии.

Сметам дека секоја е-земја е доволно вредна самата по себе, па ќе се обидам да не ги комбинирам во статиите. Денешната е посветена на еШвајцарија. Во денешното време на глобални војни многу земји се забораваат и сите се фокусираат на големите играчи. Мојата задача е да се посветам на деталите, затоа што секој глас е битен, секое влијание значи и секоја штета се собира.

Главната цел е подобрување на односите со оваа алпска земја и почетокот изгледа добро. Имав навистина срдечен пречек од нивниот министер за надворешни работи Borgogian и се надевам ќе имаме одлична соработка во иднина. Станува збор за искусен играч во светската дипломатија и чест ми е што ќе имам можност да соработувам со него и да ја претставувам еМакедонија.



еШвајцарија навидум изгледа како многу мала земја и со 229 играчи не може многу да се каже за да ве убедам во спротивното. Сепак тие 229 играчи се навистина 229. Сите се постојано активни, на каналот за chat секогаш има некој, сите гласаат, сите се борат за својата земја. Претпоставувам дека знаете дека во реалниот живот Швајцарија е поделена на 4 зони, со 4 јазици на кои се зборува (Германски, Француски, Италијански и Реторомански). Сепак во еРепублик моменталниот јазик на кој најмногу се комуницира е Англиски.

Во времето кога главниот град нѝ беше во еИталија држевме еден еШвајцарски регион под окупација Romandie за што сме им должни на еШвајцарците. Се надевам дека тој дел од е-историјата брзо ќе се заборави, со што ќе се отворат вратите за една поотворена соработка.

Иако моментално се целосно окупирани, институциите функционираат беспрекорно; што би рекле работат како швајцарски часовник 🙂 Би било навистина супер кога и ние би преземале дел од нивната посветеност. Замислете како би изгледала еМакедонија кога сите ~11000 играчи би биле толку активни.



еШвајцарскиот франк се продава по стандардни 0.002 и релативно често има ослободителни војни, па не би ме чудело некои од вас да се обидат да земат таков медал. Само гледајте да не ги изнервирате еСловенците 😉

Нема да ве давам со податоци за тоа кој е претседател, член на конгресот или колку имаат злато во трезорот. Таквите податоци и онака се само за МНР 🙂 Можеби само тоа што даноците се доста ниски, па во иднина би можеле да бидат интересна дестинација за експорт.


Plainswalker




п.с. гледам да висам на официјалниот канал на МНР, па ако ви требам за нешто можете да ме најдете на #emkd-mofa