[МНР] состојба еКина
Plainswalker
еКина како воена сила на сите нѝ е добро позната по минатонеделните случувања, па да видиме како стојат на останатите полиња.
Од економска гледна точка се одлични, со моментални 8 суровини од можните 10.
Имаат активна битка за добивање на 5тата суровина за храна, а и гумата не им е воопшто далеку во еИндија. Всушност еКина веќе долго време е собиралиште на голем број на играчи од EDEN, особено оние кои ја имаа „честа“ да бидат избришани од ONE. Целата политичка сцена е полна со статии од доселеници кои постојано влијаат на јавното мислење во еКина. Не знам колку им е добар кинескиот или масовно го користат translate.google.com, но очигледно е дека се неуморни.
Главна преокупација во последните денови е нашата мила земја и величањето на нивната победа. На некој начин тоа е супер за Македонија и нејзината промоција, бидејќи не би се радувале толку ако не не сметаат за достоен противник. еГрците се први со благодарниците, но се приклучуваат и другите EDEN членки. Очигледно е дека еКинезите се откажаа од своите лични интереси за да му помогнат на сојузот, кој срдечно им се заблагодарува за тоа.
Интересно е тоа што еКинезите детално нѐ имаа проучено и јавно ја објавуваа нашата стратегија во нивните весници. Идејата за брзо нивно одбивање и потоа фокусирање на еГрците им беше јасно позната. Па памет за другпат, нема поента да криеме од сопствениот народ, кога непријателот го знае секој наш потег.
Сегашниот фокус им е надополнување на суровините кои им недостасуваат. Првата цел е еПакистан и ако таа кампања заврши брзо и ефикасно за нив, следува еИндија. Со еИндијците станува збор за некаков вид на изнајмување на територија, па ќе бидат повторно слободни да му помагаат на својот сојуз.
Plainswalker
Comments
prva o7
ако некој знае кинески, слободно може да се пријави : )
Чекај сега,ти си амбасадор во еКина?Дај појасни малце...
чекам...
да : )
Нема шанси,јас сум амбасадор во еКина,мора да има некоја забуна!
Слободно обрати се во МНР (http://www.erepublik.com/en/economy/citizen-accounts/4054281)
Ова е последната информација што ја имам.
Вот и съб имаш, добра статия : )
bravo
о/
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1864445/1/20 РЕВОЛУЦИЈА!!
Одлично, добар почеток. Продолжи со ваквите статии, преку к*р ми е од оние „надворешни политичари, стратези и амбасадори“ што не работат ништо, само колку да ги има на листа.
браво о/
Да нема забуна, постојат 2 Кини - Народна Република Кина (или само Кина) и Република Кина (која беше додадена заедно со нас и со ист проблем со името како ние со Грција, со 2 имиња Република Кина и Тајван).
Не се бунете, 2 држави носат исто име во играта затоа за двете Кини имаме двајца Амбасадори.
А ако сакате да ја покривате цела Обединета Кина (која не постои ниту во играта ниту во РЖ) може да се воведат 2 еднакви амбасадори, па ќе покривате повеќе од една држава.
ок, се разбравме, ова ќе биде последен извештај од овој регион и наскоро се селам на новата задача : )