Зачленете се , а не да се претплатите

Day 1,289, 01:12 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoTodorovski Skopje

Откако подразмислив долго време во врска со отворање на мојот весник, кој е 1-2 дена стар си реков: " Ако сакам да го добијам медалот дали сум приморан да правам акции и доделувам лебови и оружја?"
Секако дека не! Мојот медал зависи од дарежливоста и намерата на останатите играчи да помогнат, а чиј број не е толку голем. Што повеќе кликаме на копчето 'Subscribe', толку подобро за нас. Така и почнав, во рок од 12 дена успеав да се Зачленам во над 380 весника.
Потоа повторно се прашав: "Зашто повеќето играчи кои ги спроведуваат акциите со делење продукти, зборот Subscribe го преведуваат Претплати се наместо Зачлени се?"
Можеби е поради тоа што тие наместо да го добијат медалот на основа дали статиите кои тие ги објавуваат навистина се интересни и држат вода, плаќаат односно тргуваат со нив. Мислам дека е крајно време да престанат овие акции со размена на Леб за Членство, а оние кои пак се толку дарежливи можат да ги делат производите на новите играчи.
Луѓето кои би сакале да се претставуваат како вистински новинари се оневозможени од страна на оние кои ги спроведуваат наградните акции. Сепак треба да обезбедиме слобода на новинарството и се освртиме на критиката.
Мојот медал зависи од вашата желба за помош. Се надевам ке ги добијам
Ваш Д.T. - новинар на TheZeitgeistMovement news!