Извештај на Министерот за Одбрана

Day 1,202, 13:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Nsan1ty

Добро вечер на сите.

Најпрвин следуваат screenshot-ови од Министерство за Одбрана и Државни воени резерви на денот кога добив пристап до нив.





Сега следува Excel документот што е воден за состојбата на Државни воени резерви.
Состојба на ДВР

Како што гледате се е под конец, со оглед на тоа дека доцнам со извештајот еден ден можеби состојбата во Државни воени резерви е променета.

Ајде сега официјално да започнеме. Во овој извештај ќе напишам колку, што и како беше постигнато, позитивни па и негативни ситуации. Најпрвин ќе започнеме со позитивните.

Во текот на 30те дена како Министер за одбрана се залагав за тоа сите што се појаки да добијат доволно финансии за да можат да испукаат 300 енергија. На тој начин зајакнуваат и ја зголемуваат воената сила на еМакедонија. Ова дојде до израз само сега, во војната со Србија. Беа формирани 2 канали, од 1500-2000 и 2000+. Во првата битка за Јужна Србија, пукаа само 2000+, а во втората, битката за Рашка 1500-2000 и некои 2000+ беа спремни да пукнат доколку има потреба. Во третата битка бидејќи некои воени единици не учествуваа во првите две битки одлучив да дадам соодветни финансиски средства на секоја од нив и имаа за задача да чуваат две рунди. Сметам дека со сите успеав да излезам на крај и дека сите добија колку толку финансиски средства од државата.

Исто така треба да се напомене дека на ден 27.02.2011 имасе заеднички напад на сите воени единици и АРМ. Беа собрани повеќе од 180 луѓе и сметам дека ова е големо достигнување во споредба со ситуацијата со војската во минатиот период. Го замолувам идниот министер да продолжи со организирањето на ваквии акции. Кај што се зезаме, дружиме, го дигаме моралот, дознаваме колку е всушност нашата сила.

Морам да кажам дека единствено ова беа позитивните работи што се случија. Додека јас бев министер имаше премногу препукувања, неприфаќање, отпуштање, менување итн итн. Тоа ќе биде презентирано подоле. Да напоменам дека ова е последно нешто што ќе чуете од мене! Нема на ниеден коментар да изреагирам бидејќи едноставно не вреди...

THE DARK SIDE...

На почетокот, во првите мои денови како министер наидов на многу проблеми. Како за почеток и како нов министер, сакав да воведам неколку промени. Тие промени беа да ми се доставува неделен извештај за тоа кој како напредува и со колку финансиски средства располага АРМ (Лавови и Тигри). На почеток наидов на отпор од Слајдер...

Добро, би сакал да го прашам ова... Зашто едноставно не го направи тоа што го барав? Зашто едноставно не поседи пред компјутер 5 минути повеќе во Ексел и не ги среди овие работи...?
Океј, нема врска се средивме со него, добив некаков извештај.



Следуваат Тигрите... Од нивниот командант Радо веднаш добив извештај, прост, со сите можни информации (таков каков што Слајдер требаше да ми достави). После ова почнаа вистинските проблеми. Таканаречениот командант Радо (Cold Dusan Fusion), кој што припаѓа на српска паравоена единица не ме прифаќаше како Министер за Одбрана. Следува разговорот помеѓу нас.
Разговорот со Радо
Нели е интересно...?

Доаѓаме до thedragon. Што можам да кажам за него...? Неморам ама баш ништо. Сите знаете каква е неговата приказна.

Тука кажува дека јас не сум ја извршувал мојата работа и дека тој морал да ја заврши... Смешки бе чоече. Никој не побарал од тебе да ја извршуваш таа работа и на нашиот чат дошол турчин кој што ги повикал сите воени единици да му се пријават за да маваат во Турција (Во времето кога беше првото востание). Некои единици отишле, некои не. Не сум виновен што сте немале човек на чат во тоа време.

Bojanrnr...

Добро бе пријателе, дали ние ти личиме на срби...? Дали наместо македонско знаме имаме српско...? Па те молам, таа наредба што тогаш ја дадов беше НАЈВИСОК МОЖЕН ПРИОРИТЕТ! Да можев ќе ставев и 6та ѕвезда. (Оваа наредба беше за тој ден кога србите направија повеќе милиони влијание).

dimzaaa...
Добро другар, да, на мојот канал кажав дека АрМакедон ги направив Господ, а другите единици магариња (во поглед на финансирањето - ова беше пишано еден ред подолу). Знаеш дека јас сум член на МТО и доколку сериозно навредувам, тука се навредувам самиот себеси. Сепак, како што кажа Wild O, IRC e, некој лошо разбира. Инаку затоа третата битка АрМакедон немаат никакво финансирање...


Доколку нешто заборавив, слободно можете да ме потсетите, или доколку јас се сетам ќе надополнам. Се надевам дека добро ја извршував мојата работа и со овој извештај сакам да упатам нешто многу важно до новиот министер... Никогаш не подлегнувај на притисоци! Работи како што ти мислиш дека е исправно, во координација со сите други министерства!



Со почит
Ionut Cristian