Објаснување на медалите во играта

Day 1,067, 01:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Поздрав!

Еве пред вас е уште еден артикл од Министерството за образование каде што овојпат ќе ги објасниме медалите што се добиваат во играта и нивното значење. Деновиве очекувајте почесто туторијали зошто само уште 3-4 останаа од оние што се планирани да се напишат и што ја опфаќаат целосно играта и нејзините аспекти затоа претплатете се на весникот.

Вашите освоени или идни медали што ќе ги освоите можете да си забележите во вашиот профил со кликање на вашето име на менито лево, за потоа во делот Achievements да ви се појават 8 медали кои ќе имате шанса да ги освоите низ текот на играњето тука.. освоените медали се со златна боја додека пак другите ја имаат основната црно-бела боја.



Со секоја медала добивате “мапа“ со богаство преку која може да најдете различни суми на злато и тоа најчесто од 3.5 до 5.5 но некогаш се случува (поретко) да се пронајде со мапата богаство на кралевите кое може да ви донесе дури и до 48-50 злато на вашата сметка. Но да преминеме сега на главната тема а тоа е објаснување на медалите ..

- Hard Worker

Наградата за вреден работник односно 30 дена да работите по ред, значи секој ден без да испуштите ден мора да се логирате на играта и да кликнете на копчето “work“ за да работите. Важно е да се напомене дека немора да работите во иста компанија сите тие 30 дена, значи можете да се префрлате во друга но обавезно да работите секој ден било каде.

- Congress Member

Медал кој се зима со влегување во конгрес (парламент) и станување на пратеник (конгресмен), секој 25 во месецот се одржуваат конгресните избори но не се кандидирајте на своја рака зошто најверојатно така претседателот на партијата нема да ја одобри вашата кандидатура затоа бидете активни на форум и таму пријавете се кога ќе има отворени пријави. Еве кликнете тука и видете како изгледаат изборите за конгрес ..

- Country President

Една од оние медали коишто се најтешки за освојување а воедно и нај ценети тоа е претседателскиот медал, секој 5-ти во месецот се одржуваат овие избори за претседател и треба да имате силна подршка за да успеете да победите на истите.

- Media Mogul

Исто така една од потешките медали за освојување, се зима само преку весникот односно кога на весникот ќе направите повеќе од 1000 претплати (subscribe), за да најдете редовно читатели е малку потешко така да ќе треба и малку повеќе да се потрудите за освојување на овој медал. Важно е да се напомене дека кога ќе кликнете на копчето за преплата не ви зима ништо и претплатите се бесплатни и организации не можат да земаат медали макар и MM.

- Battle Hero

Медал кој се зима со постигнување на најголема штета во некоја битка од сите играчи кои учествуваат во истата, препорачувам на новите играчи да не се брзаат со зимање на ваква медала зошто и покрај тоа што ќе потрошат огромна количина на злато, оружја и слично шансите да некој друг постар со поголем скил не ви ја земе се минимални.

- Resistance Hero

Исто така една од најретките застапени медали во играва, се зима со покренување на ослободителна војна од страна на играчот и се добива само доколку ослободителната војна е успешна т.е да победи онаа страна што ја покренала војната. Исто така оваа медала е една од најскапите и скоро сите региони имаат вредност поголема од 60 злато за кревање на востание, и скоро сите вакви војни се во договор со државите/сојузите така да пробувањето за добивање на ваква медала на своја рака не доаѓа воопшто како опција.

- Super Soldier

Медал кој во v2 верзијата на Ерепублик се добиваше со постигнување на повеќе од 5 strenght, моментално е недостапна но админите најавија враќање на истата така да за тоа нешто подоцна ќе објасниме доколку биде додадена во наредните денови/месеци.

- Society Builder

Една од најлесните медали барем според мене а се што треба да направите е да поканите 10+ пријатели и тие да достигнат до 10-то ниво минимално, откако ќе постигнат 10 ваши пријатели 10-то ниво тогаш ја добивате оваа медала. Исто така важно е да ве предупредам во никој случај да не правите мулти акаунти со цел да бидат ваши реферали за зимање на злато/медали зошто шансите да не ве откријат се минимални да не речам никакви.



United Macedonia
Министерство за Образование