[Pljakot] One Man Army o/

Day 2,003, 01:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Pljakot31

Јас како редовен какач на играва, ќе си одземам од слободното време кое треба да го посветам на пишување на дипломска работа, за да издадам едно кратко соопштение во кое ќе биде содржан мојот гнев од Вашиот однос кон еМакедонија.

После 3 години во играта, после безброј битки, после безброј поделби, расправии, пријави и не знам што, еМакедонците се обединуваат!!! Кој е тој јунак што успеа да ја скрши еКлетвата на еАлександар еМакедонски и успеа да ги еСплоти овие раскарани еПрофили?

Но не чекајте, не е јунак. Се работи за некое чоколатце плус и добра награда од тегла мед, тешка стотици злато. Значи после толку 'трубење' за државна армија, обидите на Струме и мислам дека имаше уште некој еПретседател што се обиде со истото (неуспешно), после толку планирање со старата екипа на Тигри, откако дозволивме да:

- паднеме на 1500 активни борци дневно;
- паднеме на 20-то или под 20-то место по население;
- изгубиме играчи, ќе ја земам за пример Tashanka, со преку 35 000 сила (а едно време се боревме за секој играч со 100 сила);
- десетици од најјаките играчи земаа американски државјанства;
- уште многу работи дозволивме..

сега се појави некое злато таму и одма сите обединети. Е не оди така. Ви гарантирам, да се поставеше армијата како што пишував пред 2 години, поделени во дивизии според силата, па напредување во единиците според силата, многу од играчита што се откажаа од играта сеуште ќе беа тука, плус ќе бевме многу поорганизирани, многу посилни и сигурен сум со таква организирана армија и концентрација на штетата, ќе грабневме дел од оние златни рудници што беа пред некое време и немаше оригиналните региони да ни бидат под окупација со недели.

Одамна сум во двоклик, не ме интересира ни сила, ни фирми, ни БХ медали, ништо. Тоа го докажав и на ден 2000 и 2001, кога имав преку 200 energy bars и наместо да ги испукам на ден 2000 и да начукам ранк поени и ТП медали, јас ги зачував за другиот ден, зашто знаев дека ќе бидат потребни. Сепак еГрците се покажаа пресилни.



Затоа, ви посакувам еУспех, обединети, да ја добиете наградата и немојте да се скарате поради златото. 😃

Во RL сте супер луѓе, но како карактери на играва не знаете да ја играте истата. Можеби админите се виновни 80% што се посра играва, ама останатите 20% сме виновни самите што ги потрошивме на крадење и расправии, наместо на играње.

На вчерашниот состанок на Тигрите им предложив сите да се префрлат во новата единица поради интересот на еМакедонија. За жал, поради моите принципи јас не можам да го направам тоа и останувам во 7 полк на единицата Тигри.

Поздрав и продолжете со играње, додека трае..
e/Македонија, додека сме вакви, нит вечна, нит обединета.. о/

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1761566/1/20