ВЕСТИ ОД 2020!

Day 1,399, 02:42 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkAngelMKD

Добро утро, Вие слушате Наше радио - радио Солун, денес е 22 јули 2020 година, 205-от ден во годината, температурата во моментот во центарот на Солун е -17 степени...

Денес се одбележуваат 3 години откако Нашата Земја го презема приматот на индустриски најразвиена земја во Европа па по тој повод нашиот Претседател на амбасадорите на Данска, Шведска и Норвешка им ја соопшти долгоочекуваната вест за граѓаните на овие земји. Од денес тие можат без визи да престојуваат во Нашата Земја. Оваа визна либерализација не важи за граѓаните на Финска се додека не се реши долгогодишниот спор меѓу Финска и Лапонија за правото на користење на името "Дедо Мраз".
Висока делегација на Кина, Америка и Русија допатува во главниот град Кратово за лично да му се заблагодари на нашиот премиер кои несебично ја изрази подршката за прием на овие земји во Обединетите Нации и Г-8 со што индиректно Нашата Земја ја призна нивната независност и ја гарантира нивната безбедност и по тој повод се потпиша договорот за купување на 200 суперсонични ловци од шестата генерација Џивџан 6 и 100 борбени тенкови Пржајка 2 кои успешно се покажаа во борбените дејства во војната помеѓу Швајцарија и Луксембург.

Реклами!
Сеуште не сте одлучиле каде ќе го поминете летниот одмор? Располгаме со понуди на сите наши мориња, Егејско, Јонско, Јадранско и Црно Море, имаме и ексклузивни понуди кај нашите соседи Египет, Италија и Турција. Ние размислуваме за вас!Туристичка Агенција - Невозможна мисија 4!

Вести од Економија!
Ланецот на Бензинските пумпи "Љутви и остала браќа" ги купија преостанатите 15 посто акции од Бритш Петролеум и со тоа станаа доминатни сопственици.Поради преголемата превработеност во Нашата Земја неколку наши реномирани фирми отворија погони во Токио, Осака, Торонто, Дубаи и Хонг Конг кои претставуваат рај за нашите инвеститори и заради ефтината работна рака.

Вести од Спортот!
После 3 години повторно наше финале во Лигата на Шампиони.И без повредените Кака и Меси, фудбалскиот клуб Саса од Македонска Каменица успеа да го победи Реал со 3-0 и влезе во финалето на Лигата на Шампиони каде за противник ќе го има лутиот ривал Осогово од Кочани кој во полуфиналето на Олд Трафорд го совлада Манчестер Јунајтед со 4-2, со головите на Пато, Шумуликовски, Торес и Роналдо.

Ѕррррр...Синеее, ставај, денес ќе ја бериме Смедеревката.