Анализа на активноста во еМК
Davorsk8
Во статијава ќе видите кога Македонците биле најактивни според претседателските избори од кога сме додадени на играва(освен октомври 2010 бидејќи додадени сме после 5ти октмоври).
____________________________________________________________________________
Во месец ноември,2010 бројот на гласачите изнесувал 1097.Оваа мала бројка е бидејќи бејби бумот беше мислам покасно и еМК немала тогаш многу голема популација иако 1000+ е супер за држава стара не цели 20 дена.
____________________________________________________________________________
Во месец декември,2010 бројот на гласачи се накачува на 1641.Овде забележуваме раст на популацијата и активноста.
____________________________________________________________________________
Во месец јануари,2011,бројката се намалува на 1550 гласачи.Сепак 5 дена после Нова Година,кој ќе ти се замара со ерепаблик. 😃
____________________________________________________________________________
Во месец февруари бројот на гласачи експресно се накачил на 2542.Ова е после големиот бејби бум и од тој добивме голем број на активни играчи.
____________________________________________________________________________
Во месец март,бројот на гласачи изнесува 3100 гласачи.Ова се изборите каде Струмјанин го доби својот втор мандат каде што играта мене лично ми беше најинтересна.
____________________________________________________________________________
Во месец април,бројката продолжува да расте на 3574 гласачи.Овој месец е меѓу најдобрите месеци по активност.
____________________________________________________________________________
Во месец мај бројката се намалува на 3331.Добра бројка,но сепак полоша од минатиот месец.
____________________________________________________________________________
Во месец јуни]/u],бројката се накачува на 3888 гласачи.Оваа бројка е рекордна во овие веќе 11 претседателски избори.
___________________________________________________________________________
Во месец јули,забележуваме пад од 3888 на 3121.Сепак лето е!
____________________________________________________________________________
Во месец август,најниска стапка на гласачи со бројка од 1666(XD) гласови.
Ќе повторам,лето е. 🙂
____________________________________________________________________________
Во месец септември,се покачува на 2809 гласачи.Учениците сега немаат попаметна работа,па ќе играат еРепаблик.😛
____________________________________________________________________________
Во месец октомври забележува мал пад со бројка од 2489 гласачи.
____________________________________________________________________________
Во месец ноември,бројката паѓа пак,овој пат на 2353 гласачи.
____________________________________________________________________________
Во месец декември,забележуваме раст на 2562 гласачи.
Се надевам,во 2012 ќе продолжи да расте бројката и пак да гледаме 3000+ гласови.
____________________________________________________________________________
Тоа е тоа,ако ви се допаѓаше анализава,стиснете Vote & Subscribe,а ако не ви се допаѓаше еве ви нешто да ве мотивира барем Vote да стиснете.😉
o/
Comments
Shout:
Анализа на активноста во еМК
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1930039/1/20
Во месец август,најниска стапка на гласачи со бројка од 1666() гласови. ova e zatoa sto lavcan se povlece od kandidaturata i gi nema tie 1000+ glasovi