изборна кражба

Day 1,405, 07:33 Published in North Macedonia North Macedonia by rubin_ganja

и еве по веќе не знам по кој пат во еМакедонија се гласа за конгресмени и по не знам кој пат сите се правиме дека сме слепи и ништо не гледаме и продолжуваме со истото. Како и на сите досегашни избори независно локални, партиски, или за конгресмени или претседатели се нуди мито за купување на гласовите од граѓаните.И доѓаме до таа ситуација каде некои деца кои умираат од желба да бидат конгресмени мислеќи дека со тоа го фатиле господ за мадина нудат мито .
Па настанува ситуација кога во конгресот треба да се разгледуваат тешки одлуки за иднината на државата наместо сите конгресмени да носат одлуки важни за државата, пола од нив се недостапни, односно таа половина никогаш не гласала за некој закон,а додека другата половина се сотои од деца кои абер немаат што значи добро или лошо за државата. И сето тоа поради таа пуста желба да се биде конгресмен или да го добиат конгресменскиот медал. затоа на власт имаме деца кои наместо на иднината на еМакедонија мислат на себе и нашата држава е окупирана од кој стигни.. Затоа јас предлагам доколку се пронајдат докази за било какво мамење на изборите ,да им се забрани било каква политичка функција во државата. Под мамење да се смета купување на тенкови ,лебови и купување на карти за одење до некој регион. Ова мора најостро да се осуди за доброто на сите, за иднината на еМакедонија..
поздрав и се најдобро и суб и шаут..