Матни игри !!!

Day 1,191, 10:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Davorsk8
Уживајте во деветтото издание на еМакедонски Дневник

Не можев да напишам статии во последниве денови заради РЛ обврски.

___________________________________________________________________

Чудни работи ми се случуваат деновиве во бизнис светот.Јас имам фирма за жито и цената како и сите денес ја ставам на 0.08 денари.Обично ставам по 1000 жито на ден за продавање.И трпелив сум...ќе чекам да се продаде,а не како некои ќе стаам 0.07 за побрзо да ми се продаде.Епа деновиве чекам 4 саати да ми се продаде житото и конечно имаше купувач...но некој паметњакович купил само 5 жито и сега мојата понуда иде надоле за бајаги...одма после тоа ја најдов мојата компанија дури на деветтата страница.Со 5 жито не можеш ниту 1 леб да направиш.Ова ме тера да мислам...зарем играчи со две фирма,и за леб и за жито,купуваат жито за својата/своите компании да бидат на врвот и да побрзо да го продадат житото.Според моите математики...за да бутнат 10 компании,потребни му се 4 денари.Луѓе,дај не вртете вакви преварантски фори.Имајте малце фер-плеј у играњето.Имајте трпеливост и ќе ви се продаде производот.

___________________________________________________________________

Ново во еМакедонија нема нешто премногу.Нови 188 играчи и сега сме 14584 Македонци на играва.Викајте кој можете...другари,другарки,ама прво објаснете им основни прафила за играње...на пример работење со 100 здравје...да не се тепаат одма...и така даље.Друго,купен е ку4 дефанзивен систем за Западна Македонија во вредност од 99000.00 денари.
___________________________________________________________________




Да не е се само читање! 🙂

____________________________________________________________________

Искрено ваш,Davorsk8