Introduction to VMRO - PRAVDA (IMRO - JUSTICE)

Day 3,472, 09:17 Published in North Macedonia Georgia by skauzera

ВМРО - ПРАВДА била конспиративна политичка организација во НР/СР Македонија формирана од припадниците на ВМРО-СДРМА во Прилеп со политичка програма: обединета самостојна држава Македонија со парламентарно уредување по угледот на парламентарните држави на Запад, надополнета со заложби за остварување социјална правда. Дејноста ја проширила мрежата во Битола, Охрид, Ресен, Скопје, Свети Николе, Штип, Берово, Струмица и во селата, во Малешевско и во Дебарца. Членовите на Организацијата се декларирале како следбеници на Претседателот Методија Андонов-Ченто т.н. „чентовци“. И по честите апсења опстојувала. Организацијата ја проширила својата мрежа и дејноста (во периодот 1970–1971) во Пиринскиот и во Егејскиот дел на Македонија. Преку студентската група во Загреб, одржувала врски со Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) во Европа. Дејствувала во периодот од 1948 до 1985 година.
За жал, Македонците малку знаат за ВМРО-ПРАВДА и за луѓето кои што ја создадоа.
Секоја чест за сите што се залагаа за слободна Македонија во време на комунизмот, но во прв план избија многу маргиналци, луѓе со сомнитално минато, а вистинските јунаци од тоа време, носителите на идејата за САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА со демократско уредување беа и уште се ставени на маргините.
Основачи на ВМРО - ПРАВДА се:
1. Глигор Гиге Крстески (починат)
2. Дане Попвски - Чикаго
3. Костадин Смичковски - Лугано
4. Љубен Чакра Костоски - Скопје