Благодариме на довербата еМакедониjо! Конгресмен (Psycho1992)

Day 1,680, 13:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Psycho The Great
Статија бр. 9

Благодариме на довербата еМакедониjо! Конгресмен (Psycho1992)

Здраво на сите 🙂

Дојде денот кога и јас станав за ПРВ ПАТ ... КОНГРЕСМЕН во нашата мила еМакедонија.




http://img51.imageshack.us/img51/8362/40glasovi.png

Ќе започнам вака:
Им благодарам на сите оние кои ми го дадоа својот глас, не сумлаа во мене и ми помогнаа да станам еден од конгресмените во еМакедонија.
Размислував да ги напишам сите оние кои ми помогнаа и го дадоа својот глас за мене ама потоа размислив и се разбира овие се тајни избори и не се знае кој за кого гласал па така да не дојде до некои недоразбирања ќе ги оставам во тајност сите оние кои гласаа за мене, а се разбира тие си знаат кои се.
Можам да кажам дека не подкупив ниту 1 глас од играч.... Моите шаути што ги споделував гласеа вака:

Westert Macedonia (Psycho1992)
Obedineta eMakedonija ---> Vote for Psycho1992
Не купувам гласови !!!
http://img220.imageshack.us/img220/102/1231231231.png

Со тоа што ставав и слика колку гласови имам во моментот и на кое место се наоѓам. Чисто онака играчите да знаат дека не ги лажам, а и да знаат дека не сакам да подкупувам гласови за да победам и слично...

Исто така ќе кажам и дека им пратив на 2-3 играчи што гласаа за мене еден вид на награда за гласот што го дадоа за мене, а се разбира самите тие ми побараа лебови и некој тенк за да имаат со што да пукаат денеска утре без разлика, со тоа што им ги покрив патните трошици, а не ги подкупив.

Друга работа што сакав да споменам во оваа моја статија поврзана со овие Конгресменски избори е следнава:

Мислам и сум сигурен дека немаше овој пат премногу подкупувања како што беше во принцип на претходните неколку избори, па се одвиваше во поголем процент нормално со мали исклучоци каде што играчите и нивните гласови беа подкупувани. Е сега сакам да кажам неколку зборови за играчите што беа подкупувани.

- Видов во неколку постови ги пцујат, ги вреѓаат, кажуваат да не се гласа за нив зошто лажат и слично. Би кажал само неколку збора за оваа грешка на самиот играч кој што го дава гласот за таков би го нарекол НИЗОК конгресмен се разбира ќе ви објаснам зошто.

* Играчот што е подкупен од каде знае за кого гласа во овој виртуелен свет?
* Играчот што е подкупен што ќе направи со тие 100 - 200 - 500 - 1000 МКД, ќе се збогати? Не се разбира дека нема... Ќе ги потроши одма и што направил ништо. Но не направил ништо, направил штета на својата татковина. Еве зошто. Играчот што подкупува е 27 левел и сеуште е нов во играта па не знае многу работи, е слаб со сила, незнаме дали е сигурен со тоа што не подкупува, може е предавник, лажен играч и слично.
* Играчот што е подкупен не треба да му се лути на тој што му рекол гласај за мене ќе ти пратам... Па и јас можам на секој од вас да ви споменам еј гласајте за мене одма ви праќам. И што правиме со тоа. Вие ќе гласате јас ве игнорирам и вие се нервирате. Што е и нормално.
* Играчот што е подкупен треба да размисли за неговиот акаунт ако планира да го игра долго. Зошто, еве зошто, колку толку ако не во Реалниот Живот, во овој Виртуелен Живот се знаеме кој сме и што сме, ќе дојде време и тој да се кандидира за Конгрес и тогаш што ? Ќе успее да собере гласови без подкуп.. Хммм незнам кој би гласал тогаш за него... Тоа ќе биде тешко ...

- Е сега друга работа пак за играчот што подкупува.

* Ако победи и ако земе 5 голд мисли кијзнае што направил? Се лаже, ништо не направил земал каков таков медал и 5 голд но и го изгубил лицето кај многу еМакедонци.
* Тие 5 голд ќе го коштаат многу повеќе доколку подкупува гласови.
На пример јас имав играчи кои што ми бараа 500 МКД, 0.5 голд, 1000 МКД и сл. Што правиме со овој случај. Јас имав 40 гласови на изборите што значи и најмалата понуда да ја земеме 40 x 500 МКД = 20.000 МКД = 10 голд. Би требало вака да изгледа една крајната проценка на завршите конгресменски избори за тој што подкупува.
* Се здобива со многу негативни поени кај големите играчи на еМакедонија.
* Ги лаже играчите да продолжат со земање пари, голд и сл. за нивниот глас.

Јас мислам дека можеме да имаме наредни избори без подкуп за некој глас. Исто така се надевам дека и ќе престанат да пишуваат постови што го имаат следниот текст:
За вашиот глас нудам 50 q6 тенкови, 500 МКД и 100 q6 лебчиња и многу други вакви текстови.

Секој даден глас за некој што убаво ве замолил да гласате за него, секој даден глас што гледате дека на неговиот профил има веќе долго време поминато на еРепублик, дека има голема штета напревено за еМакедноија, дека е активен и редовен за еМакедонија, дека има сила која и е потребна на еМакедонија може да го дадете гласот и да не згрешите.

Секој даден глас со подкуп според мене е грешка. Секој даден глас за играч што купува со пари за мене не е праведен глас.

За крај сакам да ве замолам:

Vote Ве молам



Shout Ве молам



Subscribe по можност дококу немате





И нешто вакво секогаш за КРАЈ !