Солунски Атентатори – „Се арчиме за Македонија“

Day 4,284, 08:02 Published in North Macedonia Croatia by MACEDONIAN MARSHAL
Солунски атентати претставуваат низа бомбашки напади во Солун, извршени од 28 април до 1 мај 1903 година од страна на Гемиџиите – анархистичка револуционерна група. Целта на овие напади била да се нападне најзначајниот европски град воОсманлиската Империја за да се привлече вниманието на големите сили врзмакедонското прашање.
Гемиџиите се таен македонски анархистички кружок составен од повеќе млади Македонци, анархисти, кои го формирале кружокот под влијание на Македонскиот таен револуционерен комитет. Нивната акција во Солун во април 1903 година е позната како Солунски атентати, поради што Гемиџиите се познати и како Солунски атентатори.

Постојат повеќе верзии за тоа како кружокот го добил името Гемиџии. Една од нив е дека гемиџиите го добиле ова име затоа што сакале на симболичен начин да кажат дека тие биле луѓе што веќе се простиле од животот и го пуштиле својот чун (гемија) во бурното море со што или ќе успеат да го извадат на брегот или ќе го разбијат од карпите, односно нема да успеат.

Друга претпоставка е алегоријата „гемии на суво” со што тие сакале да ја искажат положбата на својата земја.
Повеќето биле интелектуалци, младинци на возраст од 18 до 22 години. Од Велес биле Јордан Поп Јорданов – Орцето, раководител на Кружокот, Димитар Мечев – Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов. Покрај нив, во Кружокот биле и Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид, Начо Стојанов, Гоце Чанев, Унгарката Ана Шапец и други.

Оформувањето на кружокот бил во директна врска со дејноста на членовите на Македонскиот таен револуционерен комитет. Славе Мерџанов, еден од дејците на овој Комитет, успеал во Солун да придобие неколку ученици од Велес, а меѓу нив биле: Јордан Поп Јорданов (Орцето), Константин Кирков, Илија Трчков, Тодор Богданов, Владимир Пингов и други.
Во текот на три месеци Мерџанов успеал да ги рашири анархистичките идеи меѓу нив и врз основа на тие идеи оваа група почнала да се оформува.
Како анархисти тие манифестирале индивидуалност и независност и биле критички настроени кон останатите организации како што била Македонската револуционерна организација.
Тие сакале со малку човечки животи да постигнат големи резултати. Сметале дека резултатите можат да се постигнат преку загрозување на интересите и капиталот на големите сили во Отоманската Империја, а преку нападите и човечките жртви самата империја да се држи во неизвесност.
Врз основа на овие принципи кон групата се присоединиле и Тодор Органџиев, Илија Поп Јорданов, Димитар Мечев, Георги Богданов, Павел Шатев, Димитар Коштанов и Марко Бошнаков.

Солунски атентати
Нападите започнале на 28 април 1903 година (нов стил) со експлозијата на парабродот Гвадалкивир, експлозивот бил поставен од Павел Шатев. Истата вечер Арсов, Мечев и Трчков поставиле експлозив на возот кој се обраќал Цариград-Солун, оштетувањата биле мали.Константин Кирков на 29 април поставил мелинит под мостот каде минувале цевки од гасовод кој бил за осветлување и градот се нашол во темнина. Потоа Јордан Поп Јорданов го запалил фитилот со што ја разнесол Отоманската банка.Трчков и Мечев се обиделе да го кренат во воздух главниот резервоар во фабриката за осветлување но биле спречени од чуварот. По неуспехот тие се разделиле, при што Трчков активирал една бомба во поштата, а Мечев фрлил две бомби во кафеаната Египет. По нападите тие двајца се забарикадирале во своето живеалиште и речиси цела ноќ се бореле со жандармеријата и војската, пред да се самоубијат тие фрлиле околу 60 бомби.Меѓутоа нападите продолжиле: Милан Арсов фрлил бомба во кафеаната Алхамбра, Кирков фрлил бомба кај Гранд Хотел, Пингов се обидел да го потпали Бошњак ан по што бил убиен, а Богданов фрлил една бомба пред кафаната Ноњо.Ноќта на 29 април наспроти 30 април одекнале неколку експлозии, а тогаш загинале Трчков, Мечев и Пингов. На 30 април Јордан Поп Јорданов почнал да фрла бомби од својот стан по што се самоубил.На 1 мај Цветко Трајков направил обид за убиство на солунскиот валија Хасан Фехми-паша но не успеал по што извадил една бомба ја активирал, седнал на неа и се разнел пред очите на валијата. Последната акција била изведена од страна на Кирков кога се обидел да активира бомба во телеграфската станица но бил прободен од стражарот.На 24 мај била донесена смртна пресуда за преживеаните гемиџии Марко Бошнаков, Павел Шатев, Милан Арсов и Георги Богданов. Според судот кој ја донел пресудата, тие дошле во Солун за да ги нападнат државните институции, банките и граѓаните за да се промени формата на владеење со румелиските вилаети.Треба да се истакне дека гемиџиите биле посебна автономна група или кружок, но нивни главни организатори биле Славе Мерџанов и Петар Соколов, всушност програмата и целите кои биле поставени од страна на МТРК биле реализирани и од страна на гемиџиите.Гемиџиите, биле млади идеалисти кои сакале да ги положат своите животи за своите татковини Македонија и Одринско, односно сите тие биле дел од македонското, односно македоно-одринското револуционерно движење кое се борело за слобода и човекови права.