Второ Претседателско Обраќање – Ирска

Day 3,387, 10:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Поздрав Македонци,

Како што кажав во претходнато обраќање, таа една земја од оние 11 кои се анализираа, се покажа погодна за напад. Ирска беше одбрана за мета на напад.
Месецов нивниот Министер за Одбрана напиша порака на Индискиот Диктатор барајки Тренинг Војна во која би се отстраниле Македонија и Бугарија од Индија. Смешно е знам, и можеби им било планирано удар со повеќе земји.. Како и да е, ние разумно почекавме дали воопшто ќе се случи такво нешто, откако планот за Јужна Америка беше откажан. Во тој период, Ирска направи Воздушен Напад, ама не на Индија или Македонија, туку на Србија, за да им помогне на нивните сојузници во Јужна Америка.

Затоа, Македонија денес пушти закон за Воздушен Напад на Ирска, еден кој што е според мене доста задоцнет уште откако им забија нож на нашите сојузници Англичаните, и ги нападнаа позади грб заедно со САД и Финска, а месецов и нашите сојузници Србија. Тогаш за жал Македонија не беше подготвена директно да реагира, ама сега е.
Овој напад беше договорен со нашите сојузници, најмногу Шпанија, со кои впрочем и заедно летаме, и наиде на голема поддршка и задоволство од нашите сојузници, посебно од Генералниот Секретар на Орион, кој што е Англичанец, и го цени овој напад и пружи апсолутна помош во истиот, и од Србија, затоа што ја возвраќаме услугата. Исто така, закллучно со овој напад ќе го добиеме и последниот ресурс за храна кој ни недостига (елени), и 4 нови ресурси за оружја.



Можеби некои од вас се збунети со фактот дека напаѓаме поранешен сојузник, па да ви го објаснам и тоа. Доста долго време ја играме играва, така што во некој период, скоро секоја земја ни била сојузник и непријател, тоа е нормално. Дури и Бразил и САД ни беа сојузници, ама истите немале проблем нас да не напаѓаат кога било потребно на нивните сојузници (Бразил сеуште не сме го нападнале ние, ни должат 3 сметки колку што бројам јас). Ирска исто така ја нападна и Србија како што споменав, за да им помогне на нивните сојузници во Јужна Америка (наши непријатели).

Сега, помошта е потребна на нашите моментални сојузници, и ќе дејствуваме според тоа..

На ваше барање, и на барање на нашите сојузници следи овој напад, кој нема врска со никаква омраза или лоши чувства кон Ирска, туку едноставно така налага ситуацијата.



Јас пред да започнам во еМакедонија, година време поминав во еИрска, и ако има некој што не сака да ги нападне, тоа сум јас. Но работите се менуваат, сојузниците исто.. а ние мора да одговориме на повикот на нашите сојузници, како што тие одговараат на нивните!

Ќе ве замолам и да се активирате на Македонскиот чат на Дискорд каде може да се дружиме, и да добивате навремени информации за се!

Линк до каналот: https://discord.gg/ebygcmF

Одиме напред за Светска доминација на военото поле заедно со нашите сојузници!
Чувајте фф за утре наутро, одиме во бој!




Со почит,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп