Второ Претседателско Обраќање [Северус]

Day 3,233, 12:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добра вечер Македонци,

Сакам да ја започнам статијава со она што за мене а верувам и вас, е најважно, и ве интересира, а тоа е Чиле.

После долг период на статус-кво, месецов изгледа конечно клопчето се расплете. Чиле и покрај многуте внатрешни несогласувања, после Воздушните напади врз нас, потпишаа МПП со сите земји што нè нападнаа, вклучувајки ги и нашите јужни соседи, на што наша реакција беше потпишување МПП со Португалија и Перу.

Апелирам да бидете присебни и разумни, и да не трчате веднаш со навреди, закани и слично. Секој има право да си го одбере својот пат, каков и да е тој. Малата група на Чилеанци кои секогаш биле и ќе бидат верни на Македонија земаа Македонско државјанство, и отворено нè поддржуваат без разлика на се.

Во чест на нашата огромна историја со Чиле, треба да одржиме пред се пријателски односи, иако сме на спротивни страни.

Има една добра изрека која вели: „Не го сечете дрвото поради неколку расипани јаболка!“

Сакам да ја искористам оваа шанса да им посакам среќа и се најдобро на еЧиле! o7



Во претходното вонредно обраќање кога ни пуштија 4 Воздушни Напади, напишав: „Не паметам некоја земја да одбранила четири напади во исто време, од ТОП 15 земјите во еСветот. Ама за се има прв пат. “

Иако изгледаше невозможно, ние успеавме да срушиме 3 од 4 такви Воздушни Напади. За се има прв пат навистина 🙂

Уште еднаш, нека ни е честита победата!

Од тогаш, веднаш реагираа сојузниците од Астерија, Србија и Романија со пуштање на закони за Природен непријател на Јужните Соседи и Турција, и моментално успешно се справуваме со војната.

Грците се на пат по втор пат да бидат целосно избришани, и да бидат втор месец по ред без конгрес, овој пат под ногата на Македонија, Бугарија и Србија.



Сепак, не се опуштајте, пратете го востанието, и да го завршиме како што треба!!



Денес, очекувано, почнаа доста офанзивно, почетокот за жал не ветуваше многу, затоа што изгубивме епска во Д4 во последната минута, но изненадувачки брзо се опоравивме од тоа. Доста пукаа и Иранците, и Србите, и Кинезите, и сите наши сојузници.. Имаме одлична комуникација и соработка со сите!

Сè се сведе на клучната Авионска рунда, во која Романците се покажаа беспрекорно, меѓу другите.. Ставаа и доста КО за нас, а богами и тенкаа.

Во знак на благодарност побарав кој колку може да донира кај нивниот Претседател, но тој ми ја одби мојата донација (претпоставувам и на другите што дониравте), и ми врати едноставна и моќна порака: I fight for GLORY! 🙂

Се е кажано во тоа.. Немам зборови 🙂



Даноците очекувано се ставија на 7% на привремен период додека не застанеме на нозе, а од утре ќе го префрламе Главниот Град на Балканот, за целосно да ги искористиме бонусите во оригиналните региони, затоа моменталново востание во Индија МОРА да помине!

Денес ме изненадивте со Д4, од мобилен гледајќи пред време ја откажав една рунда, ама вие успеавте да ме поправите.. Ги прцнавте на 1780 поени, одамна не сум видел такво нешто 😃

Воедно, честитки на еМакедон на новиот Легенда ранк, кој го зема тенкајќи во таа рунда.


Честитки на сите нас за пожртвуваноста овој период!

Преку донации за Воздушните Напади успеавме да собереме НЕВЕРОЈАТНА сума од 1,144,010 денари, и наспроти многуте теории на заговор, благодарност и до НЕНОДС кој самиот од Ред Фјури единицата ставаше КО во вредност од 1 милион денари. 😃

Благодарност до мојот тим, до конгресмените, до командирите, војниците, сојузниците, сите!

Да продолжиме така како што теравме досега, месецов покажавме една друга, посилна, и далеку почитувана страна на нашата земја!



Со почит,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп