Ред солзи, ред мрсули [МЗИ]

Day 3,343, 07:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав народе.

Бурна вечер поминавме вчера во режија на Хрватите и сега би сакал да ве информирам како и зошто дојде до сето тоа лудило и жестока војна.

Како започна се?

Ќе објаснам како доведе до тоа Хрватска да стане една од најомразените земји на играва.

Се започна кога Хрватите благодарение на Плато и неговиот пакет Маверик тргнаа во жестока офанзива против нашите и сите играчи на Астерија да крадат БХ медали како би не ослабнале и голдот да го користат за КО и добивање на битките, дури отидоа дотаму што воведоа и идиотски турнир со добивање поени за прцање на одреден играч, како и крадење медали од целокупниот Астерија сојуз и неговите поддржувачи.

Резултат?

Добија дебакл. Огроменен дебакл со оглед на тоа дека таа статија беше пречекана на нож од речиси целата е-популација и создавањето дополнителни непријателства, кои беа пресликани на бојното поле каде речиси секој пукаше против Хрватите и не беа во можност глава да кренат. Изгубија во сопствената игра.

Следуваше колективно исмевање од сите кои беа на листата за отстрел кај Хрватите, како се глупираат и не се во можност да ја остварат зацртаната цел. Премногу се жалеа на битките како заради виша сила (читај админска помош) нивните противници многу лесно ги добиваат битките. За тоа самите си се криви.

Зрак надеж добија пред неколку дена кога конечно успеаа да добијат војна со Србија и да се фалат дека проектот им успеа. Навистина во два месеци да добиеш една војна... импресивно.

Како се прели чашата?

Чашата се прели кога Хрватите купиле Д2 профил од играч од Србија, кој подоцна ги репортирал за нелегална продажба, и на крај да биде баниран поради мултање со оглед на тоа дека многумина го користеле тој профил за да си се поддржуваат меѓу себе со силен удар во помалите дивизии како би можеле да крадат БХ медали.

После ова следуваа статија од нивниот МОФА дека започнуваат бојкот и ќе ги гасат сите профили, нема повеќе да купуваат голд и пакети и дека ќе ја напуштат играта доколку не се воспостави еднаков третман за сите. Под еднаков третман наведуваа и подразбираа банирање конкретно на нашите и Бугарските профили од помалите дивизии кои им причинуваа ужасен комплекс, за кој верувам дека и месеци после играва нема да може да се опорават.

Резултат?

Повторно дебакл за Хрватите, благодарние на луѓето кои имаат одлична меморија и докази дека Хрватите не исмејуваа нас за нашиот бојкот во врска со тој банер кога се изгуби поголем дел од популацијата, па и нивното не учествување во бојкотот на еРеп претседателите во 2011тата година каде неколкумина добија тогаш банови. Велат karma is a bitch, а сега гледаме дека тоа е навистина така.

Желба за внимание

После очигледното не добивање на поддршка од е-јавноста за нивниот бојкот, се решија да организираат завршен удар и да потрошат се што имаат на своите профили и да заминат достоинствено. За жал, очигледно тие не се во состојба достоинствено ни да заминат, па се решија на кукавичлук т.е. обид за воспоставување диктатор во некоја земја противничка.

Таргетот првичен бил на Романија, но Романците биле информирани и навремено си кренаа пуч кај нив.

Следни на листата сме биле токму ние. Добивме информација за тоа и единствено благодарение на брзата реакција на нашиот ЦП, секунди одлучуваа за да избегнеме кревање на пуч кај нас.

Во продолжение следува слика дека се подготвуваат да ни постават диктатор.



Многумина негодуваа зошто пуч се кренал од единицата Red Fury. Тоа се случи во афектна состојба и недостаток на време да се бара друга единица или поддржувач.

Се употребија 1 милион денари за кревање на диктатура, но заштедивме грдни пари кои би ги потрошиле за да се одбраниме со оглед на тоа дека имаше страшно тенкање.

Третата среќа им беше Бугарија. И успеаа. Успешно започнаа пуч и целиот свет се припремаше за битка која тешко дека некогаш повторно би се повторила.

Резултат?

Повторно дебакл, дефинитивен пораз за Хрватите кои ќе останат нација кога играше доста валкано со голем број на сплетки низ годините, лаги, измами, крадење, мешање во суверенитетот на странски држави и што ли уште не.

Грција и Турција

Во битката можеше да се забележат голем број на Грчки и Турски играчи кои се бореа на страната на Хрватска, и многумина полемизираа дали НАПот е прекршен. Сакам да ве известам дека НАПот сеуште останува на сила поради фактот дека пукањето на играчи под знамето на Грција/Турција не е поддржано од страна на нивните влади и секој има право да пука таму каде што сака. Поради тоа би апелирал да не се креваат непотребно тензии помеѓу страните потписнички на НАПот.

За крај би им посакал среќа во РЛ и се надевам дека повторно еден ден би се сретнале и војувале на некоја друга игра, но овој пат онака вистински, како мажи.

ИНДИСКИТЕ ВОСТАНИЈА

Зошто ли ова морам да го пишувам... Повторно имаме проблеми во врска со востанијата во поглед на враќањето на истите и членовите кои ги поддржуваат тие востанија.

ДАВАМ АПЕЛ СЕКОЈ АКТИВЕН ИГРАЧ СО МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО КОЈ САКА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД КООРДИНАТИВНА ПОРАКА ВО КОЈА ЌЕ СЕ ПИШУВА ВРЕМЕТО И РЕГИОНОТ ЗА КРЕВАЊЕ ВОСТАНИЕ НЕКА МИ ПИШЕ МЕНЕ НА ПРИВАТНА ПОРАКА ЗА ДА БИДЕ ВМЕТНАТ.

Министер за Информирање

akconel