Пакети за децата [МЗИ]

Day 2,978, 09:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав народе.

Имаше забелешки за насловот на претходната акција па еве да го корегираме за да нема простор за дискусии.

Ова ќе биде иста акција како претходниот месец за помош на играчите на кои им требаат одредени финансиски средства за да дојдат до пакети.




Претходниот месец им се помогна на 4 играчи. Сите 4ца на фер начин како што се договори ги вратија парите. Мора да напоменам дека 5-6 дена пред крајниот рок ги вратија парите за да може повторно да организираме ваква акција на што им заблагодарувам на разбирањето.

Во продолжение докази дека парите се примени:

mirko.trajkov



Teodor Makedonski



Kovacot



Lord DarthVader



Доказ дека парите што ги добив се вратени во трезор:






Сега сакам да напоменам дека веќе сте запознаени со системот и потребата за опремување на малите дивизии. Системот претходниот месец се покажа успешен и не планирам да го менувам.

Пред да ги наведам условите за добивање пакет, сакам да ве известам дека и овој пат од буџетот ќе бидат извдоени 300.000 денари за оваа намена, значи 10 души ќе бидат опремени, но се остава простор доколку има голема заинтересираност овие средства да бидат дополнително зголемени.




За да аплицирате потребно е да исполнувате одредени услови:

1. Да ја пополнете следната ФОРМА

2. Да го исполнувате минимумот сила по дивизија и тоа во следните рамки:

2.1 Дивизија 1 – минимум 55.000 сила
2.2 Дивизија 2 – минимум 85.000 сила
2.3 Дивизија 3 – минимум 95.000 сила

3. Ќе треба да ги вратите позајмените средства во најбрз можен рок, а најдоцна 30 дена по купувањето на пакетот.

4. Ќе треба да најдете двајца пријатели да ви бидат е-жиранти т.е. луѓе кои ќе одговараат доколку вие не ги вратите парите тие ќе бидат обврзани да ги вратат во касата.

НАПОМЕНА: За да се избегнат малверзации со имињата на жирантите, ќе изготвам групна порака со членот кој ги предложил се со цел да добијам нивна согласност дека го прифаќаат жирантството, за да нема дополнителни рекламации од типот: јас не прифатив тој без да ме праша ме пишал.

5. Ќе постои приоритет за добивање пакети и тоа според следниов систем:

5.1 Прво ќе бидат опремени сите играчи од Д1 кои ќе се пријават и ги исполнуваат условите од погоре

5.2 Останатите места ќе бидат пополнети со играчи од дивизија 2 и 3

5.3 Во случај на спор помеѓу кој да добие приоритет дали дивизија 2 или 3, првичен приоритет ќе има играчот од дивизија 2

6. Доколку за играчот постои сомнеж дека би ги злоупотребил средствата, нема да му бидат доделени средства.




РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е 48 ЧАСА. ПОСЛЕ ТОЈ РОК ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНА СТАТИЈА СО ИГРАЧИТЕ НА КОИ ЌЕ ИМ СЕ ПОМОГНЕ И СО ИГРАЧИТЕ КОИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА НИВ.

Пријавувајте се и шаутирајте за што повеќе играчи да видат.

Министер за Информирање

akconel