Вицови

Day 1,956, 05:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Barselona1111


Еве го првиот дел од Малку да се насмееме и се надевам дека ќе ви се допадне Уживајте во вицовите


*Фаца
Едно куче од видот боксер и се додворува на пудлица. Тој е на улица, а таа на трет кат.
-Ајде да излеземе,злато..вели боксерот.
-Не можам,моите ме заклучија дома- одговара пудлицата
-Па, рипни од балконот-вели боксерот.
-Јааа...па после да бидам како тебе во фацата-рекла пудлицата

*Вртежи
Што е тоа мало, црно, крваво и прави 7.200 вртежи во минута ?
-Мравка во хард-диск.

*Квит
Разговараат двајца пријатели.
-Што би било кога би спиел со жена ти ?
-Би биле квит.

*Лудак
Молер бојадисува психијатриска клиника.
Минува еден пациент и го прашува молерот :
-Мајсторе, добро ли ја држите четката ?
-Да , да, одговара молерот.
-Епа добро ќе ви ја земам скалата.

*Грепка
Се сретнале Трајче и Спасе
-Кај си бе? Што има ново ?
-Абе отидов до лотаријата и земав грепка, и нема да поверуваш ја изгребав колата !
-Стварно ?
-Да бе, од бандерата, кога излегував од паркингот

*Девица
Како се вика девица на кинески ?
-Њу нико није чуко.

*Професорки
Три професорки чекале автобус, но во меѓу време застанал еден камионџија. Едната професорка се качила и шоферот ја прашал зошто не ги повикала колешките. Таа му одговорила дека тие се занесени по светот, едната е професорка по историја и е занесена по просторот, а пак другата професорка е по географија и е занесена по светот.. па така јас сум професорка по математика, па си направив една равенка..подобро 20 см меѓу нозе , отколку 20 км под нозе

*Мали Џокица
Си бил Мали Џокица прво одделение и на час по математика учителката прашала:
Ако на една јаболкница има 10 врапчиња, а ловецот со пушката уловил 5, колку врапчиња останале на гранката?
Мали Џокица одговорил: Нула.
Учителката: Е како нула, останале 5.
Мали Џокица.: Ама како останале 5, другите 5 се исплашиле од пушката и избегале.
Учителката.: Џокица, сепак ова е час по математика, одговорот е 5, но ми се допаѓа како размислувзаш.
Другиот ден Мали Џокица. ја прашува учителката:
Учителке по улица одат 3 жени, сите три јадат сладолед на стапче, едната го лиже, другата го каса, а трата го лапа цел, која од нив е мажена
Учителката. Какво е ова прашање?
Мали Џокица.: Ве молам учителке одговорете ми.
Учителката: Пааа, се знае која од нив е мажена, таа што го лапа цел сладоледот.
Мали Џокица. : Учителке, мажена е таа што носи бурма на прстот, но ми се допаѓа како размислуваш!!!

*Храброст
Македонец, Американец, Германец и Грк се качиле на облакодер.
За Америка! - рекол американецот, скокнал и умрел.
За Германија! - рекол германецот, скокнал и умрел.
За Македонија! - рекол македонецот и го турнал гркот.

*Инфекција
Цветко го прашува Трпе:
Абе што си таков во окото?
Инфекција од мислење....
Како бе мислење?
Епа така, мислев дека Трпана ќе ме промаши со пепељара.

*Селјак
Како ќе познаеш сељак во дискотека?
Му лепи пaри на диџејот.

*Полицаецот и наркоманот
Сопира полицаец наркоман:
Полицаецот - Вашата возачка и лична карта
Наркоманот - Пушти ме брат незнам кај сум.
Полицаецот по втор пат - Вашата возачка и лична карта ве молам.
Наркоманот - Е брат, абе незнам кај сум.
Полицаецот изнервиран - Абе, знаеш ли ти кој сум јас?
Наркоманот – Иии! брат, што е бе ова, јас незнам кај сум, ти незнаеш кој си?...

*Ангел
Синот: Мамо ти ме излажа...
Мајката: Кога сине ?
Синот: Ти ми кажа дека мојот помал брат е АНГЕЛ ?
Мајката: Да така ти кажав..
Синот: Тогаш зошто не леташе кога го фрлив низ БАЛКОНОТ ?

*Напушена мачка
Седи мачка на ограда и пуши џоинт ...
По некое време проаѓа една баба и и вика:
- Пис мачкооооо
А мачката крева два прста и и возвраќа :
- Peace бабо...

*Стојко
Синот ја прашува мајката:
„Мамо, зошто на тетка Мица ќерка и се вика Ружа?“
„Па, затоа што тетка Мица многу сакала цвеќе.“
„А, мамо, мамо ти што си сакала многу.“
„Е, Стојко навистина си досаден, престани веќе со тие глупави прашања.“

*Мали Џокица
Мали Џокица: Мамо , мамо учителката постави прашање само јас го знаев!
Мајката: Браво бе Џокица, а што праша учителката?
Мали Џокица: Кој го скрши прозорецот…

*Лудак
Во лудница, некој лудак си седнал на страна и си пишува нешто. Доаѓа докторот и го прашува:
- Што пишуваш?
- Љубовно писмо.
- На кого?
- На сам себе.
- И што пишува во него?
- Немам поима, сеуште не сум го добил.

*Црвенкапа
Црвенкапа останала трудна, му се јавила на волкот и му рекла:
- А бе волчко, требаше да ме изеДеш !!
Волкот се подзамислил малку, па и вратил:
- Ај па и ти, за една буква правиш проблеми.