Pls SUB

Day 3,280, 10:53 Published in Nigeria Belarus by Kris Drawing
]

Ти мислиш, тој заборавил.
Тој тврди, ти повеќе не се сеќаваш.
И сè е само заблуда. А сеќавањата постојат.
Тие одат секаде каде што одиш ти.
Патуваат низ истите улици, поминуваат низ оние места каде некогаш си била среќна и те тераат солзи да рониш.
Те носат низ истите оние патеки иако сега патуваш
Те враќаат на истите оние датуми иако сега правиш спомени без него.
Разликата е што не си среќна.
Проблемот е што никој друг не може да те усреќи тебе.
А единствениот кој го умее тоа се откажа.
Го предаде во туѓи раце, иако болат допирите кога на друга ѝ ги доделува.
И ќе се вртите назад цел живот, мислејќи дека нешто ќе се смени. Ама сè се менува освен вас. Ќе останете желни еден за друг, а засекогаш еден без друг...
Ќе се запрашате еден ден: „Зошто?“ Тогаш, можеби ќе ги знаете одговорите, но залудно. Животот веќе ги сменил прашањата...


]