[Туторијал]Пакет за Моќ

Day 4,336, 11:59 Published in North Macedonia North Macedonia by goLdeNReborn

Поздрав на сите,

Денес има промоција на Пакетот за моќ(понатаму во текстот ПП), која трае 3 дена. Во оваа статија ќе ви објаснам на кратко како функционира тој пакет.


Пакетот трае 30 дена, а промоцијата е на секои 27 дена!

Како што се гледа на сликата, пакетот чини 600денари или околу 500 000 виртуелни пари, а со него добивате:
-15 алтани, 30 Милка чоколади, неколку зољи и
-Викендица од 200 енергија(важност 30 дена)
-Зголемена регенерација за 20 енергија на секои 6 минути(важност 30 дена)


Акцентот е на последните 2 работи. Куќата ви овозможува поголем шаржер, да можете да направите поголема штета, а регенерацијата ви овозможува да полните повеќе енергија секој ден.

Мал историјат:
-На времето се знаеше, сите тенкаа на голд. Значи ако не успееш да фатиш Battle hero медал, ќе јадеш пуканки додека Шиме тенка. Денес БХ медалите се важни, меѓутоа поважни се чоколадите, кои се заработуваат од неделниот предизвик:



Со купување на Пакетот за моќ, неделно би можеле да освојувате по 10 000 престиж поени, или околу 80 чоколади. Се што треба да правите е да пукате во епик битки, или рандом битки, на бх или чисто за ранк и да собирате чоколади.



Што откако ќе купите ПП?
-Во моменталнава верзија постојат 2 типа на битки:
-Тенковски битки(каде што просперираат само оние со јака сила)
-Авионска битка(можност за новите играчи да имаат свој придонес во војните)

Тенковските битки се битките 1,2 и 3 во секоја војна. Поделени во 4 дивизии тие што имаат голема сила го собираат медот. Затоа:
-Тие што имате повеќе од 230к сила, фокусирајте се во подобрување на тенковскиот ранк. Максимален ранк е легенда, кој што ви дава бонус штета само кога пукате за државата во која што го имате земено ранкот. Затоа добро размислете каде ќе го земете ранкот Легенда.

Авионските битки се со број 4 и носат по 22 поени. Често пати одлучувачки, затоа ни е потребно подобрување во овој оддел. Во авионските битки немате трошоци за тенкови, туку само за храна и обично во војни државата спонзорира наши играчи за штетата што ќе ја направат.
Во авионските битки не постои огромна разлика во штетата помеѓу старите и новите играчи, како во тенковските битки, затоа секој што има мала сила нека се фокусира во подобрување на авионскиот ранк. За авионските битки не ви се потребни теретани, па затоа трошоците за да започнете да го билдате авио ранкот се 0!




Моментално сме 14ти во светот по број на опремени играчи. Во тенковските битки сме солидни, имаме 20тина играчи кои што собираат чоколади, меѓутоа мора да појачаме во авионските битки.


клик на сликата ве носи на страната

За да можете да освојувате Sky Hero медали, потребно ви е:
-левел 100;
-Блитзкриег пакет(+2000 енергија, 15евра);
-Пакет за моќ(10 евра);
-Куќи q123.

За да не седите 24часа на компјутер, со скриптава имате автоматска обнова и празнење на енергија, само треба да ви е уклучен компјутерот.
https://tinyurl.com/hactgmr




За повеќе информации, совети или дружба дојдете на каналот на еМакедонија на Телеграм:
https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw


До следно читање,
Голден