Конобар, комита или нешто трето

Day 2,637, 08:43 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Тоа беше еден многу убаФ ден. Се собравме така поголемо друштвенце и тргнавме да се почастиме малку у кафана. Али само шо тргнавме како нешто да ни предскажуваше дека денот ќе биде усран како и предходните. Стигнавме пред кафана, влеговме у нутра, се раскомотивме и седнавме уредно ко сите селски луѓе у големото Село. На масата до нас седеше сам еден дечко, кој видно беше разочаран од нешто. Пробавме да го развеселиме али јок. Дечкото ја раскажа неговата тажна приказна, за тоа како предходниот ден му бил најусран до сега. На почетокот му се јавиле од работа дека треба да оди прекувремено и за узврат ќе добиел х10 дневница. Целиот среќен ја споделил таа информација со сите што ги познава, зошто у оваа земја е луксуз да добиеш толку пари у еден ебан ден и тргнал на работа. Дечкото напорно работел цел ден, надевајќи се дека ќе заработи нешто повеќе и конечно ќе се извлече од затекнатата криза. При крајот на денот кога требало да заврши со работата, во погонот кај него дошол некој негов колега, кој предходно, истиот ден работел по туѓи ниви и собрал многу пари. У тој моменат дошол директорот, а овој тукушто дојдениов сељак како стрела отишол да му го подудла малку, ради тоа што не бил на работа цел ден, со објаснување дека бил гладен, па дури цел ден леб немал стаено у уста. Директорот подпаднал на таа финта и х10 дневницата место да му ја даде на вредниот работник, он му ја дал на планинецот. Така работников без пари и со болка у душата си отишол дома, со надеж да поспие малку за наредниот ден да му биде бољи. Но цела вечер око не склопил па така дошол у кафана малку да разбие тага. Ние го поканивме со нас да седне на маса и заедно да се почастиме. Конобаров го чекавме саат ипол (имал нешто приватно да сработи). Дојде порачавме за јадење и пиење и пробавме да се веселиме. Се беше добро, али леб не добивме. Нема везе... Се најадовме и се напивме и уредно си побаравме сметка. Дојде истиот конобар со фискална у рука. Земавме уредно и му плативме, но и ко што е редот да му дадеме нешто за да се порадува малку. Он видно разочаран одма се побуни ко демек мал бил... Бакшижот, па без срам побара од секој од нас по минимум 500 денари, затоа што сме биле угледни, а од човекот со нас побара минимум 200 денари ко демек бил селанец. Ние чудно го погледнавме и станавме да си одиме, а он почна да мрчи нешто ко демек многу напорно работел, па дури не направил ни пауза за јадење, само да не услужел нас и у исто време да ни бил на располагање додека да сме си отишле. Видно иреволтирани си ги земавме и тие пари што требаше да ги добие како бакшиш и го оставивме со курето у рука да си се почасти.
А познат ми беше од негде. Сигурно го имам сретнато на планина у едно село.
Само Комитите живеат у планина...
Ете тој истиот келнер, комита, сељак или како сакате наречете го, секад копа по туѓи ниви, па дури и кај душманите, само затоа што од таму има поголема корист, наместо да копа каде што треба. После истиот тој ќе се жали од Прецедникот и од останатите политичари како тоа нашата земја не била плодна и за тоа биле само они виновни.
Истиот тој комита ја брани оваа држава само кога ќе има х10 заработка, па и дури ако имаме голема предност он сака да биде прв за да докаже колку бил моќен.
Комито не си моќен!
Мизерен си!!!