За слаткарите и женските гениталии

Day 2,258, 15:17 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

За време на една од моите стандардни патувања низ овој град со помош на ЈСП, некаде околу Лептокарија ја имав таа чест и привилегија да се возам со купче седмоилиосмооделенилимаксимумпрвасредношколки (и, секако, седмоилиосмооделенилимаксимумпрвасредношколци). Иако немам обичај да ги слушам разговорите на малолетничките како би дознал што сака денешнава младина за да го искористам тоа во перверзни и мошне нелегални дејствија, овој пат ми падна еден муабет во уво. Еден седмоилиосмооделенилипрекусилапрвасредношколец прашуваше една седмоилиосмооделенилипрекусилапрвасредношколка околу музиката што ја слуша. Оваа беше драперка, а овој очигледно не, па мораше да импровизира за да покаже колку е наслушан светски човек, и да претпостави дека оваа го слуша Слаткар.
Тука морам да направам мала дигресија. Во мое време, децата слушаа тоа што е популарно, чисто пошто друго тешко се наоѓаше. Ако си металец, слушаш Металика и не се заебаваш. Деновиве, слушам нешто Интернет имало, па ти уште од прво оделение ако се решиш да бидеш металец можеш комотно да се пофалиш дека ги слушаш Defenders of Tanelorn од Грузија.
Така што, не. Типкава му одговори со: “Слаткар може на мене да ми се фати за пич*ава.”
Кога ќе размислиш, слаткарството и не е толку лоша професија. Пиеш боза. Фаќаш женски гениталии. Да, ризикот од дијабетес секогаш демне, но кога си поминал пола живот до гуша со еклери, ваљда доста ти било. Секако, тука се и женските гениталии на кои не би требало да влијае твојата болест. Освен ако не си во некој бизарен хорор филм во кој си оживеал шекерна женска, ама па и тогаш ти останува фаќањето, ако ништо друго.
Се прашувам дали има некоја еквивалентна професија за цицки. Во стил, биди пекар и фаќај цицки. Тоа би вредело дури и да земеш дополнителни часови следниот пат кога професорката ќе ти стави тројка по Гевреци.
Сега ми текнува дека младичот можеби и намерно ја прашувал тоа типката, бидејќи бил средно слаткарско. Хмм. Уште една пропуштена прилика во животот.
P.S. Слаткар = Slut Car. Coincidence? I think not!