ТРИТЕ НАЈБИТНИ РАБОТИ ЗА ВОЈНА [TUTORIAL] + ОРУЖЈЕ

Day 1,093, 02:48 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Ајде малце да се едуцираме...доста делевме гага лебчиња, пушки, карти.... дај малце да поделиме битни информации за сите нови играчи.

Како што знаете ни претстои војната за која сме сите овде - војната со еГрција и евентуално еБугарија. Првите веќе ја почнаа војната со нас иако само лаат со пропаганди наместо на бојно поле (читај се усраа в гаќи) а вториве уште играат топло -ладно-топло-ладно и не можат да одлучат на кое магаре ќе јаваат но кога ќе се решат сами ќе си кажат.

Како и да е, на нас ни останува да се подготвиме за војна. Па еве еден корисен туториал за сите нови или не доволно информирани играчи да ја спремат својата ОДБРАНА.

ТРИТЕ НАЈБИТНИ фактори кои СЕКОЈ Македонец мора да ги знае и да ги има пред и за време на војна!



1.МНОГУ битна, може и НАЈБИТНА работа е здравјето да ви е во секој момент на 100!!!
Совет: Купувајте леб и лечете го здравјето или купете си куќа која ќе ви го враќа здравјето кое го губите секој ден на работа, тренинг и борба. Дури и да се борите секој ден, рачунајте да на крај од денот сепак имате доволно пари, храна или куќа да го вратите здравјето на 100 и така да ја поминете ноќта. Битно е да се знае дека секое стискање на црвенто FIGHT копче ви зема по 10 здравје. Ако немате пари и храна да си го повратите изгубентото здравје НЕ СЕ БОРЕТЕ!

2.Бројчето (бр.2 на сликата) кај SKILLS-от на секој играч се билда со тренинг и со собирање искуство од борби.
Совет:За максимален ефект во тренирањето, тренирајте секојдневно со полно (100) здравје за да вашиот SKILLS биде што поголем за предстојните војни. Кој може да си дозволи злато и сака нека го користи само првиот бустер при тренинг (оној 0,19 голд), највеќе се исплати (пари/ефект).

3.Оружје!!! Многу е битно да се опремите со оружје за предстојните војни. Макар и да не го трошите во борби (секое оружје има ограничен број на употреби) битно е да го имате во својот инвентар (Inventory). Не е толку битно дали ќе набавите пушка, тенк, артилерија или хилихоптер... многу по битно е оружјето да е што можно поголем левел (Q1, Q2, Q3, Q4...) зависно од парите кои ги имате за да си го дозволите.
Напомена: поголем левел оружје е поскапо, затоа ценете го оружјето кое го имате или ќе го купите и не го трошете залудно.

Склопот од овие три фактори одлучува колку ќе бидете успешни во битките и колку ќе им биде тешко на непријателите да ве совладаат ако налетаат на вас на бојното поле.

Битно е да знаете: ако на пример Грција ја нападне Источна Македонија (како што најавува), секој Грк или нивни сојузен војник кога ќе влезе на бојното поле ќе се соочи со РАНДОМ (случајно одбран) Македонец кој живее во Источна Македонија. Поради ова многу е битно СИТЕ Македонци да бидат максимално подготвени по сите три точки погоре наведени за да непријателот се соочи со што е можно поголем отпор и да му биде што потешко да ве совладаа со тоа и да ја добие битката.
Секој Македонец треба да биде спремен како на сликата погоре - со полно здравје, поголем скилс и задолжително оружје.
Што поголеми ви се овие три работи толку повеќе стискања на копчето FIGHT ќе му треба на непријателот за да ве совлада ако налета на вас а тоа значи дека непријателот ќе МОРА да потроши повеќе здравје (пари, голд) за истата работа!
Запомнете: ако постојано имате pod 100 здравје, слаб скилс и немате оружје неприајтелот на бојното поле ќе ве смачка како мува со тепаче! 😃

Благодарност до GokaGrozni за видеово... тука може да видите како се одвива битката:
http://www.youtube.com/watch?v=C8IkhuvUKuo

На крај за оние што ја научија погорната лекција и за оние кои се по упатени во војните еве и едена алатка - калкулатор каде може да пресметате со кое оружје, со кој ранк и со колку сила (бр.2 од сликата) колку штета правите во напад или одбрана.
http://ehesap.tr.cx/

“...кој душман ќе влезе жив нема да излезе Македонијо,
ти го ставаш в гроб!“


Да живее Македонија!!!

П.С. сепак за поголем ефект од туторијалов и за да го прочитаат повеќе луѓе ќе поделам и по некое оружје на оние кои се под 18 левел, па затоа гласајте и пишете го во коментар бројот на гласот за извлекувањето!
V + S!