Претседателска [Furious Lady]

Day 3,555, 00:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво живо Македонци о/

Баравте статија, еве статија 🙂
Се е исто како и пред еден месец, ги задушуваме јужните востанија, секојдневно контактираме со сојузниците, работиме на земање на база во Јужна Африка.

Бугарскиот претседател запна да ја реши распределбата на регионите таму, се трудиме попатно да не им ја прекинеме тренинг војната на Шпанија и тоа е тоа.
Куба пред два месеци ја искористи ситуацијата додека Бугарите се тепаа со јужниве, да слетат и да си направат тренинг војна. На сегашниов претседател воопшто не му се допадна тој потег бидејќи Кубанците воопшто не ги исконтактирале Бугарите, додека тие ги ослободуваа регионите и веќе имаа други планови за нив. Пробав да го убедам Струман да остави се како што е, ама тој си се држи до плановите што ги имаа уште тогаш, а и сака Македонците да се задоволни и да ни удоволи со база и тренинг војна до нив заедно.

Е тука може да расчистам една работа: Во секоја влада се можни проблеми, не мора и не може секој со секого да се согласува цело време. Така бевме и јас и Струман претходниот пат. Меѓутоа поради интересите на нашите две братски држави сфативме дека најдобро решение е да останеме смирени и да не ги повториме глупостите од претходниот пат.
Македонија и Бугарија се најблиски сојузници во играва и тоа така и ќе остане. Во секое семејство има кавги и проблеми, ние најдовме начин да ги надминеме нашите.



Конечно го потпишавме МППто со Полска. Сега работам на потпишување други МППа од Пацифика што уште повеќе би ја зацврстила нашата позиција во играва.
Украина повеќекратно ме контактираше за МПП, меѓутоа сметам дека во наш најдобар интерес е да го немаме тоа МПП барем сега за сега. Работите не може да се сменат преку ноќ и тоа МПП моментално би ни нанело повеќе штета.



Се мислев дали да одгворам на глупостите и лагите што беа објавени против мене.
Јавно сакам да се изјаснам дека ниту крадам државни пари, ниту купувам гласови, ниту купувам пакови некому.
10 пати имам кажано дека државните трошоци можете да ги следите онлајн.


Совет за опозицијата: Не се служете со лаги и навреди за да дојдете на власт.
Да ве потсетам дека Сантино за 50к цц ја продаде диктатурата на грк. Убаво е да има повеќе активни политички страни, играта ќе стане поинтересна, ама начинот на кој сакате да дојдете на власт не ви е добар
🙂


Забелешка 1: Ќе ги ресетирам орговите, празнете ги, имате 3 дена да ги вратите.
Забелешка 2: Почнав да го полнам АСот и ќе го завршам тоа до крај на мандатов.


СЛЕДЕТЕ НАРЕДБИ И ИЗВЕСТУВАЊА НА ДРЖАВНИОТ ЅИД !
Помагајте на сојузниците!



Имајте убав ден о/

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Furious Lady