[CelarentE] Обраќање, 15 дена работа на новата Влада

Day 1,462, 10:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija
Здраво Македонијо

Изминаа 15-итна дена како новата Влада ја води нашата е-држава во овој е-свет. Јас како Претседател чувствувам одговорност да ви се обратам и да ве информира за тоа што досега се работеше и во која насока се движиме.. мислам дека е веќе и крајно време да искочам со статија 🙂

Имам многу работи да ви кажам, еве ќе почнам од ова...

Отворање на нов фронт

Ветив дека ќе ја одведам Македонија на Исток, многумина од вас се прашуваат што бидна со тоа... должен сум да ве известам дека уште од првиот ден воспоставивме контакти со иранските власти и им ја презентиравме нашата идеја да ни дозволат да префрлиме еден регион преку нив, добивме од нив став дека немаат ништо против тоа, но почнаа да ни поставуваат услови кои доколку ги исполниме самите би се спречиле да можеме да тргнеме кон гореспоментаиов поход... нашиот народ има една поговорка, вели каде има сила нема правда... ние ја имаме силата во однос на Иран, но тие сепак ни се сојузници а јас не сакам да играм на таа карта, засега. Mене лично ако ме прашувате тие никогаш нема да ни дозволат да преминиеме преку нив, можеби имаат некој договор со Кина, не знам.. можеби имаат право да се плашат од Кина.. пак не би можел да тврдам ништо... можеби сум јас самиот виновен што јавно објавив кои ни се намерите и сега, од нашите комшии па до индијците, сите знаат дека предизвик ни е одењето на исток... сами одберете.. како и да е, решивме ова поглавје да го затвориме за јавноста... не се откажуваме од нашата цел, би ви порачал да ги следите известувањата и почитувате наредбите на министерството за одбрана и се ќе си дојде на свое место....

Министерство за Одбрана

Еве кога веќе го споменав Mинистерството за Oдбрана да се задржам малку на нив. Би сакал да им се заблагодарам за тоа што досега го направија и тоа што во моментов го прават, морам да ги пофалам за решителност да ја активираат, размрдаат војската, воведоа мало надополнување во државниот систем на рефунд за таа цел, истиот е предмет на измени додека не се најде вистинскиот модел. Факт е дека во последниве денови ни недостасува малку акција, но сепак министерството за одбрана на чело со министерот работат посветено на реорганизирањето на војската и подигнување на борбената готовност, а верувајте во деновите кои ни престојат и тоа како ќе ни биде потребна подигната борбена готовоност и дисциплина ако сакам да ги задржиме овие 8 ресурси кои во моментов ги контролираме. Се ближат конгресменските избори, Плато делеше чоколади и базуки по дампинг цени, очекувајте интензивни битки со нашиот најверен непријател деновиве. Овде би сакал да ги пофаламе единиците кои имаат најголем одзив по термините во кои имаат обврска да се појават на каналот на војската и да ги повикам единиците кои се најмалку активни да се активираат и покажат пред македонската јавност зошто земаат државен рефунд, се заблагодарам и на секој од вас поединечно, секоја Македонка, секој Македонец па дури имаме и Кореанци и Перунаци, сите вие ја сакате Македонија колку и јас сигурен сум, и повеќе ќе кажете... сите вие сте тука кога е тоа најпотребно на нашата најмила Македонија, и можете да ставате какви сакате маски, но кога Македонија потклекнува вие сте овде да ја кренете, и со тоа драги мои, вашите маски паѓаат.. ако ви е позабавно со маските... нека стојат... сепак јас сум ви благодарен... и верувајте, многу е лесно да си претседател кога имаш вакви момци и девојки околу себе...

Планирање на Буџет

Одам понатаму со моево излагање, НБРМ, и распределбата на буџетот.. секогаш жежок костен во рака за секого, еве да го пофалам премиерот, вложува многу труд во извештаите за тоа каде и како се тошат државните пари.. одвојте 5 минути и погледнете ги извештаите, разгледајте.. ако имате забелешки споделете ги со нас, во овој сегмент рековме ќе бидеме најпрецизни и транспарентни, така и работиме, извештаите секогаш се на време објавени во весникот на министерството за економија, морам да признаам имаме и проблеми, најмалку сакам да се жалам но Плато и за нас е овде за ги зачини работите, изгубивме речиси 48 часа во законите за донација кои "висат" поради BUG, можеби многумина од вас и не забележаа, од конгресмените кои се задолжени за овие закони можете да добиете повеќе детали, тие не можеа да не забележат, исто така кога го планиравме буџетот, воопшто не ни беа предвидени расходи за RW групата, јас лично не ни знаев дека постои, ја наследив и продолживме да соработуваме со нив, секој оној кој ќе ја испочитуваше наредбата добиваше по 2500 мкд, првата моја реакција беше многу е ова бре луѓе, но се согласив, за доброто на Македонија, реков нема да штедам... на почетокот и не беше некој голем трошок, но како одминуваше времето слотовите за подршка на востанија во секој од регионите се испразнија, веќе имав и по 10 востаници од групата кои го подржале востанието, 25000мкд за едно востание.. а ги има две во 24 часа, уфф плус рефунд, плус тенкови, врзи крај со крај ако можеш... токму поради ова се решив да ја ставам во мирување групата... ако продолжиме вака, влегуваме во дупка, сигурно.. последна наредба која ја добија беше востанието во Тесалија, Ден 1460, Ноември 19, во теков на денот ќе бидат исплатени за тоа востание како и досега, за понатаму ќе има измени во системот на наградување... овој не е одржлив.. ќе ни требаат и во иднина контролирани востанија, но мора се да е во склад со можностите на државата, сите сме во служба на Македонија.

Промени во Владата

Веќе речиси и да не постои еМакедонец кој не слушнал за каналот #podelba, и за трудот кои го вложуваат момците кои го раководат каналот, многу помогнаа досега за Македонија, така планираат и да продолжат. Тие се соработници на секоја Македонска Влада, затоа решив повеќе да не се соработници туку да се дел од владата. Објавувам формирање на ново министерство кое ќе продолжи со активностите поврзани со каналот #podelba и ќе и служи на македонските интереси. Сакаа да му го дадеме следново име на министерството Министерство за Субверзивни Активности (им реков немој на ум да ви паѓало да ми правите политичка субверзија )

Еве како изгледа составот на министерството:
Министер: WaRlOR
Заменик Министер: Felllix

Помошници: vasko premier, ePece, Gundala Kadut, Macedonian Worior.
Се јавија и проблеми со Министерот за Информации, Zlatko Kaskareski, веќе добро сте информирани за тоа што и како се случуваше деновиве после партиските избори, и за што се одлучи тој, јас разговарав со него и му реков дека неговото име и понатаму ќе стои на чело на Министерството за Информации додека сум јас Претседател. Ова министерство одлично функционираше досега, така и ќе продолжи понатаму. Се надевам дека Златко ќе си даде малку време да одмори и пак ќе ги земе работите во свои раце а во меѓувреме луѓето кои ги постави Златко за негови помошници ќе си ја извршуваат успешно работата како и досега и ќе ме подржат во овој мој став Златко да се врати таму каде што му е местото.

Закон НЕ на Египет

Овде морам да признаам дека подлегнав на притисокот на јавноста барем да сме имале тренинг војна и бонус од НЕ, инаку цвстсто стојам на ставот дека е лош момент за ваков потег. Пред да се пушти законов им реков на конгресмните да не го гласаат законов додека не им се каже како, во меѓувреме беше разговарано и договорено со Египетските власти исто така да не се гласа законот додека не се донесе конечна одлука. Властите во Египет се однесуваат кон нас пријателски, така и оваа влада се однесува кон нив. Затоа ќе се погрижам овој закон да не се изгласа, не сега пред конгресменските избори, кога имам многу можни сценарија, не сакам да дозволам да си го ограничиме просторот за тактизирање и стратегиски маневри, за два, три дена не е проблем да почекаме, кога веќе толку чекавме...


Поздрав од мене Македонијо!
Да ни е Вечна Македонија, и нека им е вечно името на оние кои денес слават имендени!


Претседател на еМакедонија
CelarentE

о7



п.с. Му должам интервју на VardarEgejPirinMacedonia, му ветив, нема да го оставам така.