[CelarentE] Џизан, Саудиска Арабија - Известување

Day 1,472, 23:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija
Здраво Македонијо

Ова е кратко известување во врска со договорот кој го имаме со Саудиска Арабија. Според тој договорот регионот Jizan припаѓа на Саудиска Арабија. Во моментот тој регион е под наша контрола, знаете и сами како дојде до тоа.

Денес ќе им го вратиме регионот. Сите вие кои имате амбиција да фатите RH медал, спремајте 1000 SAR и вистинскиот момент отпатувајте до регионот Jizan. Веднаш штом заврши востанието кое во мометов е во тек, (би требало да заврши до 12:30) ќе можете да поддржите ново востание и да освоите RH медал. Нека заиграат брзите прсти и да видиме кои ќе бидат среќните добитници.

Многу е важно ВООПШТО ДА НЕ ПУКАМЕ во тоа востание, да не ја расфрламе залудно штетата која ни е многу потребна за ослободување на нашите оригинални региони.

Потрудете се барем денес борбата за BH медали да се одвива само во востанијата за нашите оригинални региони.

Поздрав Македонци и чекориме гордо, доаѓаат подобри денови за еМакедонија!!!


Претседател на еМакедонија
CelarentE