[CelarentE] Како, Зошто и Каде Понатаму

Day 1,468, 05:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija
Здраво Македонијо


Деновиве станавме плен на грчките тенкови, Плато со неговите попусти им даде силно оружје во рака и сите ние го почуствувавме тоа.
За наша среќа тоа оружје не е трајно и полека му истекува рокот на траење.
Многумина од вас прашаа каде ни се сојузниците? - еве ќе се обидам да ви одговорам, сојузниците се секогаш покрај нас, во битката за Makkah не можевте да не го забележите тоа, но едноставно ова што ни го намести Плато е многу тешко да се спречи, и целиот сојуз само за нас да пукаше пак ќе беше многу тешко, (да одговореше ОНЕ, ќе возвратеше Т-ЕДЕН) свесни сте и сами дека не сме само ние на овој е-свет, секоја е-земја си има свои војни и е неизводливо само за нас да се борат сите. Еве, јас вината ја префрлам на Плато, вие можете да ја префрлите на мене, и со тоа да завршиме како дојдовме до овде.

Кога сме веќе во ваква ситуација, да пробаме да го извлечеме максимумот, ни се отвара можност да го префрлиме главниот град во регион во Саудиска Арабија.

Некои од вас ќе прашаат зошто да го префрламе главниот град? - Главниот град во Саудиска Арабија, е одлична работа, замислете само колу полесно ќе ни беше изминативе месеци да имавме главен град во Red Sea Coast, секогаш кога ќе ја изгубевме Егејска немаше да ги губевме ресурсите (пад од 8 на 3 ресурси), знаете и сами грците секогаш запнуваа кога имаше востанија во Егејска Македонија, да ни беше главниот град во африкански регион немаше да го имаме тој притисок. Главен град надвор од оригиналните региони ќе му отвори многу можности на идниот претседател, ќе му даде избор, и одредена доза на сигурност.

Како ќе го изведеме префрлувањето на главнито град? - Според мене во вакви услови најдобра варјанта би била грците да не избришат во оригиналните региони, но ова е и најболната варијанта, ќе кажам и најтешко остварливата, затоа што ќе предизвика голем немир меѓу нас самите, а и лично мислам дека грците воопшто нема ни да пробаат да го направат тоа (бришењето на нашите оригинални региони). Очекувам да го префрлат тежиштето на борбата во нашите битките за арабиските и египетските региони, и таму да не притискаат, ќе почекаме 24 часа и ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Важно е да знаете дека штом веќе ни се ослободија грците секако ќе го префрлиме главниот град, како и со кој, ќе зависи од околностите.

Имам и друга работа која сакам да ви ја кажам, во текот на вчерашниот ден бев исконтактиран од грчкиот претседател и ми беше понудено мир, тие и кога целосно беа окупирани од нас бараа мир, условите тогаш беа неприфатливи. Сега кога речиси целосно се ослоодија можете да замислите какви се услови поставуваат.

Знаете и сами дека уште во мојата кандидатурата објавив, цел ќе ми биде потпишување на мир со грците и наше насочување кон исток, за жал, мир со грција во моментов не е возможен, тоа само по себе повлекува неостварливост на плановите за било каков поход кон Исток или било каде освен кон Грција се разбира.

Денес е Недела, последен ден од бустер викендот, ве повикувам сите да им дадеме максимален отпор, денес имаме предност во бројноста, мораме да ја добиеме битката во Al Madinah и сите наредни бики кои ни следуваат за регионите во Саудиска Арабија и Египет.
Време е сите да се вратите на армискиот канал (#emkd-army), јас сум таму и ве чекам.

За Македонија се работи!!!

о7

Претседател на еМакедонија
CelarentE