Мисија „невозможно“

Day 1,221, 01:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Веројатно сите, ако не сите барем еден поголем дел од играчите го гледале култниот филм „Мисија невозможно“. Филмот е добра акција... Ама темата на овој натпис не е филмот. Не се ни нашите воени мисии. Темата е мисијата „невозможно“ која сами на себеси си ја поставуваат еден куп еМакедонци. Човек просто да се праша „што им е филмот?“
Значи, кои се невозможните мисии, кои леѓево од крајно нејасни, па би рекол и инфантилни причини, чекаат да им се случи невозможното.

Мисија број еден: Да се продаде компанија која се основа за 10 злато, на Company Market - за повеќе од 10 злато (или Q2 за над 30 злато ...). Прашање до вас, мили мои продавачи на вакви компании. Зошто сметате дека некој треба да ја купи компанијата од Вас, ако може да основа нова компанија? Пазете, јас сосема го одобрувам купувањето компанија од играч, затоа што со основањето нова команија, македонското злато оди во буџетот на Плато, а со купување компанија од пазарот за компании, златото останува во еМакедонија само менува сопственик! Ама луѓе, обид да се заработи на сметка на совеста на некој Македонец е благо речено глупост. Значи - веднаш регулирајте ги цените, за да не го јачаме Плато, туку да го задржиме златото во Македонија.

Мисија број два: Да се изврши размена на злато по нереална цена. По воведените измени со Storage, единствена причина некој да купи поскапо злато од неговата вредност (или поскапи денари) е да е нечие мулти, па да купи од себеси. Ова, мили мои еМакедонци може да повлече истрага против вас, која пак истрага може да донесе до времено или перманентно банирање! Просто, оној кој од вас купува скапо злато, е на листа „осомничени“ дека е ваш мулти. Потоа се проверува дали се логирате во исто време, или секогаш само еден од вас е логиран. И ако случајно недела две не се логирате истовремено, згора на се тој едниот ниту се тепа, ниту се логира повеќе од минута-две на ден, ќе добиете писменце од г-дин Плато. Па после правдајте се...

Мисија број три: Види мисија број два со баеги поскапи производи кои се продаваат на маркет....
Доволно беше. Ионака ретко кој чита доги статии