За Сантино... не не, ЗА СИТЕ! + РЕФЕРЕНДУМ

Day 2,790, 11:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokaliptic
За референдумот скролај на крајот од статијата!


Гледам државата ни виси на конец... ма не бре, државата порано ни висеше на конец сега ни виси на влакно и тоа од оние од „грмушката“ на Сантино... па си викам ај да пишам јас една статија. Да тропнам неколку глупости, а можеби и нешто паметно ќе пишам, не се знае.


Во сам старт да посветам внимание на проблемот кој го создаде проблемот.
Што, не сум јасен? Ќе ви се разјасни.

Основниот проблем како и речиси секогаш е вина на мнозинството, кој помалку, кој повеќе а кој ептен, мнозинството на играчи го создаде иницијалниот проблем.
Секој си е настрана и си ги гледа сопствените интереси.
Многумина се прават Месија и продаваат зашеќерени приказни околу тоа како треба само да им се даде шанса и ќе направат по улиците да тече мед и млеко. Но кога ќе дојде време нешто заеднички да се направи за доброто на сите, никој жив нема, сите се зафатени.

Сите се заинтересирани за тоа да работат за доброто на сите... уствари не бе, сите се заинтересирани за тоа да се докажуваат себеси и да изигруваат херои... ма не бре дури и оваквите „алтани“ се ретки, повеќето се комплетно незаинтересирани да направат што било и само кукаат како оние што се обидуваат да направат нешто се неспособни.

Јас за краткото време кога бев МоД не видов речиси никаква заинтересираност, дури и оние кои ја шаутираа статијата со наредбите се броеа на прсти, ете ја не може во ТОП 5 да влезе, а пак камоли повеќе да се очекува.


Мојата оставка:



Па да пука некој по вукојебини цел месец кога и е потребен на еМакедонија, само затоа што не му се допаѓал претседателот е чин речиси рамен на државно предавство.
Кога ќе дојде до тоа да се нанесува штета на државата само за да се подкопува работата на непосакуваниот претседател, јасно станува каде лежат приоритетите, дали во општото добро или во егото.



И еве, кога си изгласавте претседател каков што си изгласавте (јас не гласав) му текна да ја злоупотреби моќта која му беше доверена и да уценува играч со пари на кои нема никакво право без разлика на неговата функција.



А сега за Сантино.



НЕ, ТИ НЕ СИ ДИКТАТОР!
Сантино, тоа што треба да го разбереш е дека диктатор е некој кој со својата моќ успеал насилно да ја преземе и држи власта.

ТИ СИ КОНТРАДИКТАТОР!
Тебе диктатурата врз еМакедонија ти беше доверена од страна на народот за да служи како штит од поставување на непријателска диктатура, како и да ти помогне да ја извршуваш претседателската функција која исто така ти беше доверена од народот.

Како такви, на барање на истиот тој народ имаш должност и двете функции да ги предадеш без приговори.

Се покажува дека љубовта кон власта и грижата за за својот „неценет труд“ ти се поголеми од љубовта и грижата за државата...







...и се покажува дека поради тоа ја изгуби довербата и поддршката од граѓаните.
Дури и се некои од нив спремаат да потрошат 400К+ ЦЦ за да ја соборат диктатурата.



За да нема такви и слични непотребни и скапи скандали ПОВИКУВАМ НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ И ДИКТАТОР НА еМАКЕДОНИЈА


Се замолуваат сите граѓани да го искажат своето мислење во коментари на оваа статија и да изберат една од следните опции:

1. Да се остави Mr.Santinoo на власт како претседател и диктатор на еМакедонија, безусловно.

2. Да се остави Mr.Santinoo на власт како претседател и диктатор на еМакедонија, под услов да не продолжи да ја злоупотребува функцијата и да ги врати парите на играчите.

3. Да се побара од Mr.Santinoo да се откаже од функциите претседател и диктатор на еМакедонија и да ги префрли на GAMBLE_24, кандидатот на претседателските избори со освоено второ место по број на гласови.

4... Друго - предложете други опции.


Се повикува Mr.Santinoo да ја почитува волјата на граѓаните изразена во овој јавен референдум.



Поздрав,
Apokaliptic.

o/