Државна Армија - Бенефиции и загуби

Day 1,762, 13:41 Published in North Macedonia North Macedonia by FamilyAerodr0m

Дали би биле дел од Државната Армија? Дали би биле горди кога ќе бидете дел од Армијата во која членуваат ScymeX, Aexil Kong и сите други Македонци кои придонеле за Македонија?*** Дали би сакале да добивате онолку колку што ќе потрошите? Какво ќе биде чуството кога ќе ве пофалат за најдобра армија на еСветот?

Прво би пишувал за двете главни бенефиции...
- РЕФУНДОТ се базира на принципот, колку ќе потрошиш, толку ќе добиеш. Доколку одите на БХ, во битката за која се води УДАР-от и потрошите некое чоколатце плус, се тоа ќе биде рефундирано.

- Бенефиција има и за државата. Размислете во Македонија има повеќе Воени Единици кои имаат различна моментална Дневна Наредба која е истовремено различна и од Кампањата на Денот - главна битка на државата. Сценарио - Командирот заминал во викендица и нема интернет, а Дневната Наредба е битка со ѕид од 90%+. Тука се одлива непотребна штета.
Вака со една Воена Единица ефикасноста на Македонската Армија би била многу кратно поголема и ѕидовите ќе ги 'ПРЕВРТУВАМЕ'.

*Плус со продавањето на вашата Воена Единица би добиле некое Злато повеќе.

Во врска за загубите...

-Загуби ќе имате по вашиот џеб. Зошто би делеле тенкови за време на УДАР на вашата единица кои подоцна не би биле рефундирани од Државата? Наместо тоа, би ги ставиле на Пазариштето и би добиле одредена сума за нив.

-Загуба би имала Македонија. Непотребно одливање на Влијание кое би можело да се внесе во битка која ни е приоритет. Да бидеме реални, првично би ја исполниле Дневната Наредба на Воената Единица која членуваме за да добиеме чоколадо и базука ИАКО битката е со ѕид од 90%+ ИАКО битката е различна од Кампањата на денот.

Некоја си груба компарација со минатите и идните УДАР-и. Порано на некои УДАР-и се делеше пример по 5 тенка од УДАР. -Зошто? -Бидејќи толку имало иако вие сте можеле повеќе Влијание да направите.

Сега тоа е минато!
Сега малверзациите се минато!
Сега Иван Бот е вратен од свадба!
Сега колку ќе удриш толку ќе добиеш назад!
Сега е моментот да станеш дел од единствената и обединета МАКЕДОНИЈА!
Сега е моментот да покажеме дека сме обединети!


Стани член на Националната Македонска Армија - Девизија 3 и Девизија 4
http://www.erepublik.com/en/main/group-show/165

За Девизија 1 и Девизија 2
http://www.erepublik.com/en/main/group-show/1368





ПРЕДЛОГ:

1. Да се преименува Националната Македонска Армија во Македонска Национална Фаланга( National Macedonian Phalanx )
2. Да се промени аватарот кој е задолжителен. Да се тргне вентилаторот кој беше на педерски начин ставен како знаме на Република Македонија за време на атентат. Време кога народот на Македонија беше во заблуда.
3. Како најважен предлог - да се купи уште една Државна Единица за да се разслојат Д3 и Д4. Ѕидовите кај овие две девизии некогаш се различни.



***Немаше смисла сите да ве набројувам, цела статија имиња требаше да биде.