Крајот дојде, со среќа на останатите!

Day 1,667, 03:59 Published in North Macedonia North Macedonia by FamilyAerodr0m

Добар ден мои есограѓани. Секогаш доаѓа крајот, дали порано или подоцна прашање е само на време. Моето време дојде. Редно беше да се откажам од играва. До сега беа неколку мои откажувања на број, но ова е последно и конечно. Од вечерва па натаму ќе го игра едно еБЕБЕ се со цел да продолжи моето влијание во битките, а Македонија да не изгуби еден војник помалку. Мојот ник НЕМА НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ЧОВЕКОТ КОЈ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГО ИГРА FamilyAerodr0m.

Отсекогаш ги гледав како јаките играчи стануваат ХЕРОИ НА БИТКА, па сакав и јас да си ја пробам среќата. Собирав чоколатца и базуки подолго време, удрив во Македонска битка и ме прцнаа. СТАТИЈА Дојде времето и јас да прцнам некој, но како што ветив во битка на некој сојузник. Се решив да пукам во востанието на Чиле. Битката беше густа. Тројца се боревме за медал. Секој барем еднаш беше БХ во текот на рундата. Како битката поминуваше сите внесувавме добар дел од нашата "зимница", но во одреден момент мојата зимница се потроши. Морав да смислам план повторно да не бидам прцнат. Се решив да ставам крај на оваа игра. Целокупниот број фирми и моите 2 центри Љ3 беа уништени. Попустот на чоколада од планктонот се погоди буквално на место. Испукав јако и така стигнав до мојот прв МЕДАЛ. КОНЕЧНО!



Во врска со останатиот мал дел од моите приходи ќе биде поделен во рамките на мојата единица МНА, која воедно е и најдобрата и најстарата единица во еМакедонија 🙂 Не жалам за времето поминато овде, стекнав многу пријатели. Се надевам дека пријателствата од еЦрепублик ќе продолжат и понатаму. Имајте убави гејминг моменти како што вели планктонот и со среќа! ПРЦ


-Еден од ПРЦнатите.



П.С. И двајцата го примија АЕРОДРОМСКИОТ... 😛