„Самиот на себе сум си дедо“

Day 1,399, 03:46 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkAngelMKD

Дојдовме до писмо за помош кое го напишал непознат дечко од Македонија, каде објаснува зошто не може да биде резервист, во 2001 година за време на војниот конфликт, обидувајќи да избегне регрутација.
Содржината на писмото е следна:
„Почитуван господине министре, дозволите да ви ја објаснам мојата ситуација во надеж дека ќе помогнете да се расчисти мојот случај. Во моментов чекам покана за регрутација во редовите на резервистите. Имам 23 години, оженет сум со 47-годишна вдовица која има 26 годишна ќерка. Со таа ќерка е оженет мојот татко. Женејќи ја ќерката на мојата жена, мојот татко ми стана и зет. Во исто време, мојата жена е тешта(Баба) на мојот татко, ќерката на мојата жена е маќеа. Во фебруари добивме син. Тоа дете е брат на очувот на мојата жена, а зет на мојот татко. Во исто време, тоа дете е и мој чичко, бидејќи е брат на мојата маќеа. Во мај жената на мојот татко родила син. Тоа дете е мој брат, бидејќи е син на мојот татко. Во исто време, тоа е дете и мој внук, бидејќи е син на ќерката на жена ми. Понатаму, јас сум брат на својот внук, а со обзир дека мажот на нечија мајка и татко на тоа дете, јас сум и татко на ќерката на жена ми, т.е. брат на нејзиниот син. Јасно е, дека, јас самиот на себе сум си дедо. Се надевам дека се јасно објаснив. Се надевам, господине министре, дека ќе ме разрешите од војничките задолженија, бидејќи законот кажува дека синовите повеќе од две генерации (така да, дедо, татко и внук) не смеат истовремено да служат во војска. Ви Благодарам за разбирањето.“
Одговорот на Министерството за Одбрана на РМ пристигнало по две недели. Во извештајот пишувало:
„-Личноста трајно е разрешена од војничката должност поради сомневање од психичка и ментална нестабилност кои се како последица на хаотичниот однос, внатре во семeјството.“