Na denesen den!!!

Day 1,725, 09:48 Published in North Macedonia North Macedonia by Ordan Piperkata

На денешен ден пред 109 години во близина на село Цер од заседа, загина Јордан Пиперката, еден од најголемите херои во македонската историја. Роден е во Козица. Во жарот на борбите околу слободната територија, Јордан и неговата чета наседнале на лагата дека Бахтијар Паша го запалил Цер. По цена да не се врати жив тргнал накај Цер. Сватиле дека биле опколени и започнале битка со неспоредливо побројна османлиска војска. Востаниците од Свињишта кога разбрале за опкружувањето на групата на војводата Јордан Пиперката веднаш дотрчале и припукале. Со нивна помош опкружените востаници успеале да се извлечат кон село Прострање. Таму на сред село чекале селани, но кога виделе дека меѓу четниците не бил војводата, настанала тишина. Војводата Јордан Пиперката и уште неколку востаници загинале. Ноќта неколку востаници успеале да се пробијат до местото на битката и да ги извлечат телата. Ги погребале на едно ридче над село Велмевци каде и денес почиваат. Оттаму се гледа Суво Поле. Јордан сеуште го пази.
Со сите доблести и мани кои може да ги има еден човек, но со голема љубов спрема татковината и натчовечки сили, Јордан Пиперката останува врежан во сежавањето на луѓето до денешни дни, со дело што ги инспирира генерациите до денешен ден!
Вечна ти слава, војводо!
Слобода или Смрт за Македонија!!!