Ground резултати + авио инфо [МЗИ]

Day 3,705, 02:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Здраво на сите.

Во оваа статија сакам на кратко да ве информирам за две работи. Првото ќе биде за пријавените на кои според претходната статија треба да им се даде помош за пакети, а втората е мало дополнување за авијацијата.



Во врска со ground стимулацијата, ниту еден играч не се пријави на огласот кој траеше 48 часа, па поради тоа средствата кои требаше да се одвојат за оваа намена ќе бидат пренаменетени, а за тоа дополнително ќе се одлучува.



Во врска со аеро стимулацијата, иако имаше некои мали нејаснотии околу обврската на командирите, или пак форсирање на неколку единици, сега тоа би сакал да го објаснам.

Значи работата на командирите е многу проста и едноставна. Ќе треба да ми испраќаат порака секој вторник со слика од убиствата на нивните борци во авио битките во текот на неделата.

Ова може да го најдат на следниов начин:

Ќе треба да влезат во неделните контролни табли и од понудените опции да го одберат менито Поразени противници, па потоа да кликнат на Воена единица – Aircraft и да направат слика и да ми ја испратат на ПМ. Еве како тоа треба да изгледа пример:



Нели е многу едноставно? На овој начин вие како командири ми заштедувате време кое би го потрошил јас лично да влегувам и да барам единица по единица кој колку испукал, а и со ова вашата единица ќе влезе во кругот на рефунд единици, бидејќи на неактивен командир или пак на единица која не е активна не може со сила да им се даде рефунд ако не се заинтересирани за соработка.

Еве во полза на играчите ќе направам една мала промена. Не е морално баш командирите да ме контактираат, тоа може да го направат и замениците командири, доколку нивните командири не се активни тогаш замениците да ја завршат работата.

Плус во статијата беа наведени две авио единици бидејќи тие засега се официјални авио единици кои водат голема грижа за своите авијатичари, па затоа беа наведени во статијата како пример. Досега пријавени се 4 воени единици за влез во рефунд системот. Затоа ги замолувам командирите да си ги пријават своите единици и да ми даваат неделен извештај кој ќе ги чини помалку од една минута изгубено време.



Се надевам дека сум јасен, а во иднина очекувајте оваа првична фаза на проектот да претрпи позитивни промени и ќе има повеќе изненадувања и се надевам поголема активност како на играчите така и на нивните командири како што и впрочем е целта на проектот.

До крајов на неделата очекувајте второ претседателско обраќање со презентирање на случувањата во првата недела мое владеење.

Искрено ваш

Little Beast