Ground стимулација [МЗИ]

Day 3,703, 01:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Здраво на сите.

Како што беше ветено во предизборната програма еве ви го прокетот за ground стимулација пред вас. Овој проект ќе биде во потполност ист како и во минатото во поглед на функционирање, услови и слично. Некои ќе речат дека е копија на поранешен проект, и ќе кажам ДА, но не би рекол копија туку оживување на корисен проект кој престана да се употребува со неколку новини додадени.

За оваа акција како влада ќе одвоиме вкупно 300.000 денари. За жал тоа е сумата со која располагаме во моментов. Би сакал да се повеќе, но ресурсите ни се ограничени. Од овие пари се планирани да им се помогне на МАКСИМУМ 6 души. Значи МАКСИМАЛНАТА СУМА на пари која ќе се дава на одреден играч ќе изнесува 50.000 денари.

За да аплицирате потребно е да исполнувате одредени услови:

1. Да имате Македонско државјанство

2. Да ја пополнете следната ФОРМА

3. Да го исполнувате минимумот сила по дивизија и тоа во следните рамки:

3.1 Дивизија 1 – минимум 120.000 сила
3.2 Дивизија 2 – минимум 140.000 сила
3.3 Дивизија 3 – минимум 160.000 сила

4. Ќе треба да ги вратите позајмените средства во најбрз можен рок, а најдоцна 30 дена по купувањето на пакетот

5. Ќе треба да најдете двајца пријатели да ви бидат е-жиранти т.е. луѓе кои ќе одговараат доколку вие не ги вратите парите тие ќе бидат обврзани да ги вратат во касата.
НАПОМЕНА: За да се избегнат малверзации со имињата на жирантите, ќе изготвам групна порака со членот кој ги предложил се со цел да добијам нивна согласност дека го прифаќаат жирантството, за да нема дополнителни рекламации од типот: јас не прифатив тој без да ме праша ме пишал

6. Ќе постои приоритет за добивање пакети и тоа според следниов систем:

6.1 Според издвоените средства ќе бидат опремени по двајца играчи од дивизиите 1,2 и 3

6.2 Прво ќе бидат опремени двајца играчи од Д1 кои ќе се пријават и ги исполнуваат условите од погоре

6.3 Останатите места ќе бидат пополнети со по двајца играчи од дивизија 2 и 3

6.4 Во случај на спор има две варијанти:

6.4.1 Во случај да не биде пополната квотата за Д1 да се пријави само еден играч и остане едно место слободно, тогаш тоа место се додава на повисоката дивизија и пример дивизија 2 ќе добие 3 места

6.4.2 Во случај на спор кој да добие помош дали дивизија 2 или 3, првичен приоритет ќе има играчот од дивизија 2

7. Доколку за играчот постои сомнеж дека би ги злоупотребил средствата, нема да му бидат доделени средства

8. Средствата се лимитирани па според тоа кој прв ќе се пријави и ќе ги исполнува целосно условите ќе се стекне со можност да добие помош

РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е 48 ЧАСА. ПОСЛЕ ТОЈ РОК ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНА СТАТИЈА СО ИГРАЧИТЕ НА КОИ ЌЕ ИМ СЕ ПОМОГНЕ И СО ИГРАЧИТЕ КОИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА НИВ.

Искрено ваш

Little Beast