BH , CH и кандидатура за конгрес

Day 1,432, 14:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Prilep4an4e


Денес е еден од најдобрите денови во мојот еЖивот 🙂... Причина за тоа е што бев 2 пати херој на една битка и направив најмнногу штета во цела кампајна (не знам точно дали се пишува вака ама нема врска 🙂 )...


Подготовките за овај мој ХЕРОЈСКИ подвит траеја неколку месеци т.е од воведувањето на базуките 🙂 .. Не бев во план да пукам денес но чувстував дека можам да го постигнам тоа што го сакам, и не сум се лажел. Најпрво сакав да пукам во 5тата рунда ги средив базуките ги исчистив убо ги избришав и само чекав да почни битката, но играва се укочи, не можев да влезам на ерепублик, и многу се нанервирав (Плато не би сакал да слушни што зборував тогаш 😃 ). Но бидна што бидна наредна битка влегов во акција, со околу 480 илјади штета го фатив мојот прв БХ медал. Наредна битка уште од почеток бам бам бам 😃 околу 750 илјади штета и со тоа го осигурав мојот втор БХ медал . Имав и околу 1 300 000 штета и со тоа бев херој на цела кампајна. Но данакмкд почна да пука и го прашав дали е со намера да го земи мојот ЦХ медал . Тој ми рече дека ако сум сакал јас ќе го оставел и човекот поштено ми го остави , и со тоа настана пријателство помеѓу нас, се запознавме си позборувавме и така 😃. И така минута по минута заврши и 8мата битка и го добив мојот прв CH медал 😃 ...

Тоа беше приказната за мојата авантура. Сега сакам да ви кажам дека се кандидирав за конгресмен во регионот Повардарие. Досега сум бил еднаш конгресмен и сакам повторно да бидам (значи не ми е за медалот да ми свети туку сакам да бидам конгресмен).Една од главните причини за тоа што се кандидирав повторно се неколкуте глупави закони пуштени од нашите конгресмени. Мојот прв мандат беше добар и јас ја извршував мојата должност како што треба.Па поради тоа мислам дека сум доволно добар да бидам конгресмен.

За овие избори сум кандидиран преку партијата Macedonian Order-United Party.Придружи се на оваа партија за подобра иднина на еМакедонија !!!

Гласајте за вистиниските луѓе , гласајте за луѓе кој заслужуваат да бидат во конгрес,гласајте за Prilep4an4e 😃

ПеПе