Туторијал - За почетници / Tutorial - For begginers [MK]

Day 901, 16:14 Published in Russia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje




Почитувани граѓани

Oва е дел од програмата на Македонско Единство - Образование, со цел македонците подобро да се снаоѓаат во еРепублик. Затоа внимателно читајте.


Чекор 1. Поставете го својот граѓанин (аватар)

За напредок во еРепублик потребни ви се искуствени поени (ЕР). Своето прво ЕР го добивате со тоа што го поставувате вашиот аватар на својот профил.

До страницата на вашиот профил ќе стигнете на следниов начин MY PLACES=>PROFILE на страницата на вашиот профил го горниот десен агол најдете го EDIT PROFILE и кликнете го. На оваа страна го поставувате вашиот аватар.

Чекор 2. Купете храна

Како и во вистинскиот живот за да можете да преживеете потребно е да купите храна. За почеток доволна ви е храна со Q1 или Q2 квалитет. Храната ја купувате на Маркет (MARKET=>MARKETPLACE). На страницата на маркетот постојат три филтери, на вас ви е најважен тој во кој го бирате производот. Од него го избирате FOOD. Пред името на Производителот внесете во празното поле која количина на храна сакате да ја купите.

Храната автоматски се конзумира еднаш дневно. Препорака до новите играчи е да не ја преполовуваат својата инвентар со храна освен доколку бидат отсутни неколку дена. Доволно е да имате 2-3 полиња во вашиот инвентар пополнети со храна.

ЦЕЛ НА ХРАНАТА: Wellness е основа на здравјето на вашиот лик и една од најважните работи кои можете да ги проверувате на страницата на вашиот профил. Сета храна во зависност од квалитетот го подигнува Wellness-от, за разлика од некои други работи кои го намалуваат Wellness-от, но за тоа подоцна.

Чекор 3. Вработете се

За да можете да купувате храна потребни ви се пари. Парите ги заработувата така што работите. Работата ја барате на страната JOB MARKET (MARKET=>JOB MARKET). На страницата JOB MARKET постојат три филтера од кои два поважни:
ПРВИОТ е за избор помеѓу три гранки на индустријата (land, manufacturing, construction). Препорака до новите играчи е да се вработат во една од овие три гранки на индустрија и со можност со некое ново вработување да бираат компанија од иста гранка. Причина за ваквиот потег е што вашиот skill кој го добивате работејки ја одредува платата, а секоја од трите индустрии претставува различен skill. Према тоа напредокот во една гранка од индустријата овозможува повеќе пари и пријатен еЖивот.
ДРУГИОТ филтер ви дава да избирате за кој износ на skill барате работа. Како нови играчи имате skill 0 па тој износ изберете го во филтерот.

Чекор 4. Работите

Како што веќе напоменавме работата носи пари, а во еРепублик се се врти околу парите. За да работите потребно е да одите на страницата на вашата компанија (MY PLACES=>COMPANY). На страницата на вашата компанија кликнете на копчето WORK. Кога сте завршиле со работата ќе ви се појави вашата продуктивност (productivity). Продуктивноста зависи од многу фактори , но најважни ви се skill и вашиот wellness.

Со работата губите wellness во зависност од квалитетот на компанијата во која работите, при која Q1 компанија ви намалува 1 wellness а Q5 компанија 5 wellness.

Чекор 5. Тренирајте

Доколку вашата земја води војна со некоја држава, вие можете да се борите за неа. Вашата воена способност, т.е. способноста да нанесете штета на непријателот директно зависи од вашата сила (strength), а силата ја зголемувате со тренирање.
Со секој тренинг губите по 1wellness. Можете да тренирате само еднаш дневно.


Ваш,
МакедонецМКД