Конгресменска кандидатура - регион Southeastern Albania [Princess Emily]

Day 1,525, 17:14 Published in North Macedonia France by Princess Emily

Драги пријатели и сограѓани,
Ни претстојат уште помалку од 24 часа до доаѓањето на 25ти декември. Сите знаеме што значи тоа за е-светот - можност да ги изберат своите претставници во конгресот за месецот кој следи. Конгресот е многу значајно законодавно тело, и со самото тоа, членовите кои го сочинуваат мораат да бидат внимателно избрани. Од нивниот избор зависи иднината на е-државата. Секој донесен закон, без разлика дали изгласан или не, може да предизвика сериозни последици во внатрешното уредување и надворешната политика на земјата.
Конгресмените мора да се совесни, одговорни за своите постапки, и подготвени да се соочат со последиците заради истите.

Како што знаете, веќе 4 месеци сум една од кординаторите на амбасадорите и дел од МОФА тимот, и секако воопшто нема да ми претставува никаков проблем да ја извршувам и конгресменската функција. Позади мене имам еден неуспешен обид за влез во конгресот, и на истиот не платив за ниту еден добиен глас, можеби и затоа не влегов во конгресот, но тоа нема да ме демотивира и да ме принуди да правам нешто недолично за мене. Не заборавам дека ова е игра, но во неа се отсликуваат нашите карактери, и верно на вистинскиот живот, нема да дозволам никаква ситуација или проблем да ми го наруши достоинството или да ја доведе во прашање мојата чесност. Не сум учествувала и нема да учествувам во никакви политички караници, кои не прават ништо друго освен лоша слика за нашата држава. Сметам дека ги исполнувам непишаните услови за влез во конгресот... полнолетна сум, доволно активна во играва, флексибилна и посветена на работата. Подготвена сум за оваа функција, и како најважно, доволно сум свесна што е добро за нашата татковина, и барам шанса и на овој начин да и помогнам на мојата татковина. Во поглед на сеуште најактуелното прашање поврзано со работата на конгресот, сметам дека наплаќањето државјанства не е неоправдано, но нема да го практикувам истото, бидејќи сметам дека немам право да ги условувам Македонците при враќањето дома. Секој сам избира како ќе ја игра оваа игра, и при тоа одговара само на својата совест. Во секој случај, мојата работа нема да биде самостојна, и за секоја активност ќе се консултирам со останатите избраници на народот.

Гласајте за луѓе кои својот влез во конгресот ќе го искористат за подобрување на еМакедонија, а не само за медал. Не дозволувајте да си го продадете вашиот глас. Тој вреди многу повеќе од виртуелни пари или добра. Запаметете го тоа, без разлика на кого ќе го дадете својот глас. Иднината на нашата земја е во вашите раце.
Доколку верувате дека заслужувам место во конгресот овој месец, утре поддржете ме во регионот Southeastern Albania, како кандидат на партијата OeM.

Ви благодарам на сите.

Со почит,
Princess Emily