[Министерство за Одбрана] Регрутација во АРМ [EDIT]

Day 1,129, 08:25 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana




Поздрав!

Министерството за Одбрана на Република Македонија распишува регрутација за војници и команданти за потребите на армијата. Затоа сите војници што се заинтересирани за да станат дел од војската нека испратат порака до Министерството за Одбрана и во најкраток можен рок истите ќе бидат контактирани со информации и упаства кои се важни за влез во АРМ.

Војниците треба да ги исполнат следниве услови -
1. 400+ сила (strenght)
2. Активност на чат и следење на наредбите
3. Работа за минималец во воените компании

Значи сите што имаат 400+ сила и сакаат да бидат дел од војската нека се пријават, потребна е исто така и голема активност. Секој ден (најчесто) после 20:00 часот има заедничко удирање на војската каде што војниците добиваат храна и оружје доколку е потребно за битката. И да напоменеме уште на почеток не е проблем доколку некои денови не можете да бидете на чатот кога ќе се удира заеднички но нема тој ден да добиете ниту храна ниту пак оружје.

Исто така потребници се команданти и заменици за водење на бригадите, затоа сите што имаат некакво предходно искуство во некоја воена единица и сакаат да помогнат за развивање на армијата на Македонија нека испратат порака до министерството со податоци за нив, како што е искуство во некоја воена единица и секако да напоменете во која.

Битно е луѓето што се пријавуваат да бидат веќе докажани и доста активни во играта, бидејки ќе биде потребно да делите храна, оружја и секако да даваат наредби на војниците.

Во план ни е до крајот на мандатот да во војската имаме барем 120 припадници (по 60 во две бригади), а исто така во најскоро време ќе ја разгледаме и можноста за давање на злато на војниците кои ќе ги користат истите за бустери при тренирањето за побрзо напредување.


Пријавата доставете ја со пополнување на овој Формулар!!!
Лавови Формулар





Со почит
Министерство за Одбрана



Врховен командант: United Macedonia
Министер: Slajder
Заменик: Hristijan Cvetanovski



Други Државни институции:

Народна Банка на Македонија
Министерство за Економија
Министерство за Образование
Министерство за Информирање
Македонски црвен крст