[Don Tas] Македонска Академија

Day 1,411, 04:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Горди Македонци

таман ќе помислиме дека сме се оправиле малку и пак ќе ни се случи несфатлив ден - кога ќе изгубиме се што се граделе повеќе дена. Ама ајде сега некако се повративме и се надевам дека попладне ќе можеме веќе да пуштиме напад за да си ја вратиме Егејска Македонија и да си ги поврзиме териториите за да имаме повеќе ресурси.

Додека се вoди битката (која во моментов е во наша полза) би сакал да ги објавам личностите кои ги номинирав за први македонски Академици. Десет еМакедонци според мое размислување и по консултација со повеќето наши граѓани, ќе бидат први членови на Македонската Академија за заслужни граѓани. Моја препорака е секој иден претседател и влада за сите важни одлуки да се консултира со нив:

1. ScymeX
2. Aexil Kong
3. Mudash
4. lazarosaMKD
5. United Macedonia
6. Ivan Vancho Makedonski
7. Hoban Washburne
8. darkan7
9. Strumjanin
10. sarmetina

Сите имиња ви се одлично познати на сите. Сите придонеле за еМакедонија на различен начин.
Првите тројца Скајмекс, Конг и Мудаш, во овие неколку месеци истенкааа милиони инфлуенс за Македонија и за сојузниците, го јакнеа моралот кај војниците и кај цивилите. Со нив добивавме и изгубени битки, со голема помош од нив и ја проширивме Македонската Империја.
Лазароса, Јунајтед, Иван Ванчо, Хобан и Даркан се постари и поискусни играчи, кои помогнале на многу помлади еМакедонци, кои со своите совети придонеле за развојот на еМакедонската зедница во еРепублик.
Струме како Маршал Тито, во своите 3 мандати покажа како треба да се води државата.
Најголем дел од нас се вклучени во играта од бејби бумовите за кој најзаслужен е Сарметина, очекуваме од него да продолжи и во иднина со масовно привлекување на нови играчи.

Тоа се десетмината - мој избор. Исто така формирам и Комисија составен од Лавчан, Дјук и Манданата што треба до понеделник да предложи уште тројца кандидати.
Понатаму во секој нареден месец, Претседателот на еМакедонија ќе треба според заслуга да избира по нови 3 членови на Академијата на заслужни еМакедонци.

За да не пишувам нова статија само ќе објавам овде јавен повик:
- Сите команданти на воени единици ги повикувам вечер во 22 часот на состанок на каналот на генералштаб за да почнеме со реализиација на помошта за надоградба на Центрите кај војниците
- Ги повикувам претседателите (или нивни преставници) на првите 5 политички партии во 23 часот на каналот емкд за да ја констируираме Антикорупциската комисија.



ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА

ДОН ТАС
Претседател на еМАКЕДОНИЈА