[Don Tas] Намалување на данокот на плата

Day 1,406, 12:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Горди МАКЕДОНЦИ!!!

Полека се стабилизиравме. Од првиот ден кога бев избран за претседател, се до пред неколку дена бевме под голем притисок. Најпрвин 10 дена цел ЕДЕН не „пукаше“ од сите страни. Губевме територии и ресурси, останавме на само еден регион, но останавме на нозе!!! Се стабилизиравме малку, тргнавме напред, но настаните од реалниот живот (кошаркарската еуфорија - дај боже повторно да ги има набрзо), повторно не вратија малку назад. Сега пак ГАЗИМЕ! Ја зеленееме Грција секој ден по малку, истовремено ги задушуваме востанијата. Ако се биде во ред до сабота Грција нема да постои, повторно ќе биде згазена под македонска чизма. Затоа апелирам до сите вас, да се насочиме сложно како и до сега и да ја оствариме оваа краткорочна цел – бришење на Грција. Потоа заедно ќе одлучиме дали одиме кон Египет или кон Италија или можеби подалеку – кон нови територии и нови ресурси.
Во ова малку помирно време да се посветиме и на економијата!

ПРВО, вечерва ќе предложам намалување на данокот на плата на минимални 1%. Тоа ќе го намали приливот на средства во буџетот, но ќе значи нешто повеќе денари за нашите цивили. Велам цивили затоа што оваа мерка нема да им значи многу на војниците што работат за минимални 1,5 мкд во фирми од единиците. Зошто досега не го пуштив овој Закон и што ќе значи за економијата ќе прочитате во анализата од Премиерот Бобан Митровски што во текот на утрешниот ден ќе ја објави во весникот од Министерството за економија.

ВТОРО, од државниот буџет ќе направам позајмица од 300-350 голд на единиците на кои ќе им овозможам помош, македонските војници кои се уште го немаат надоградено Town центарот од Q4 во Q5 да го сторат тоа. Не ќе може сите истовремено, но постепено за неколку месеци сите ќе добијат Q5 Town центар. Утре на канал ќе се договориме со сите командати како тоа ќе се спроведе. Она што е битно, утре ќе формираме и надвладина комисија што ќе ја контролира оваа позајмица. Комисијата ќе има мандат се до завршувањето на овој проект. На крај кога се ќе заврши, позајмицата кон единиците ќе мора да се врати во државниот буџет.

ТРЕТО, вечерва се обратив со ингаме порака до неколку поистакнати играчи да се направи Комисија која за два – три дена ќе произлезе со список на играчи кои би биле први членови на Македонската Академија, која ќе има советодавна функција. Најкасно до петок ќе ја формираме Академијата. Нејзиниот состав ќе се проширува секој месец.

ЧЕТВРТО, вечерва се обратив до претседателите на сите партии што имаат конгресмени да делегираат по еден преставник во новата Комисија за антикорупција. Нејзината функција ќе биде да ја исконтролира работата на владата. Начинот на работење ќе биде јавен на посебен канал, каде што право на пишување ќе имаат само членовите на комисијата, а нејзиното работење ќе биде јавно – што значи секој еМакедонец ќе може да присуствува на состаноците на Комисијата.

ПЕТТО, имав желба да ја реформирам Армијата со создавање на елитен дел од 100-150 секогаш подготвени војници кои ќе добијат фул тенкови колку што имаа ФФ, но и кои ќе пукаат исклучиво по наредби. Овој дел, не го замислував како посебна единица, туку сите тие што ќе беа избрани во елитниот одред ќе си работеа и функцинираа во рамките на нивните единици, само кога ќе имаше потреба од нив ќе се собираа на посебен канал и ќе имаа заедничко удирање. Слично како што функцинираме овие 7-8 дена на посебните канали удар.востание и удар.напад. Но, ќе го оставам тоа како предлог да го реализира, ако му се покаже како добар, на идниот претседател.
Да заклучам: До сабота наша цел е да ја окупираме Грција, потоа заедно со најсериозните кандидати за нов претседател ќе се договориме кој предлог ќе го ставиме на референдум до народот. Каде да се движат нашите војски?



Да живее Македонија!!!
Да живее Македонската сила!!!
Да живее Македонксата Империја!!!

Дон Тас
Претседател на еМакедонија