[Don Tas] Ајде сите сложно вечерва

Day 1,400, 13:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija




Горди Македонци

заврши кошарката, заврши македонското славје, време е пак да се посветиме на еРеп и на еМакедонија. Овие два - три дена во период на колективна еуфорија, славење и позитивна обединувачка енергија, малку ја запоставивме нашата е-држава. И нормално е тоа, сепак реалниот живот мора да биде пред виртуелниот!
Но, ајде уште еднаш да покажеме и да докажеме дека сме овде, дека сме „ол ин“, и дека имаме сили да го зачуваме она што се градеше од сите нас, во минатитие 12 месеци од кога постои еМакедонија.

Утрово имавме страшна битка, на резултат 7:5 за нас, Грците помогнати од нивните сојузници Бразилци, Американци и Ромперци ни го свртеа резултатот од 1770 и ни ја зедоа мини битката. Потоа и останатите две. Фалеа само 4-5 секунди, сега ние да ја имаме иницијативата за напад, а Западна Македонија да беше слободно.
Но сликата денес е таква што имаме само уште две територии, од кои едната ќе биде нападната во следните неколку часа.
Нападот го очекуваме, како и претходните, околу 2 часот по полноќ.
Денес цел ден немавте стрикна наредба за пукање, освен да се помага на сојузниците, се надевам дека денес си светнавте некое знаменце и вечерва сте подготвени да се посветите на државата и да ги измаваме Гејците и конечно да им покажеме дека македонската сила е повторно жива, дека македонскиот удар е повторно смртоносен.
Да заборавиме вечерва, кој каде пукал, кој бркал БХ, кој ЦХ, кој светнувал знаменца, а кој дигал востанија по разни држави. Вечерва да заборавиме на сите меѓусебни препукувања, кавги и обвинувања. Вечерва да покажеме дека имаме сила, дека сме тоа што навистина мислиме дека сме. Вечерва да докажеме и на еСветот дека Македонија се враќа, дека Македонската Империја повторно ќе заживее.
Да се собереме сите војници на армискиот канал, сите цивили на цивилниот. Вечерва пред битката ќе поделиме огромна количина на оружје и за војските и за цивилите. Сите ќе се вооружиме до заби. И ќе чекаме. И ќе чекаме... И ќе чекаме да покажеме колку сме јаки.
Нека не ве плашат вечерва ниту 10 ниту 20 тенка на противниците, нека тенкаат колку сакаат, ние сме појаки, ние сме Македонци, ние сме потомци на Александар. Нашите прадедовци ја предводеле Македонската Фаланга. Нивната крв и дух е во нас. Ние сме Фаланга!!!
Зошто ви велам да не се плашиме од нивните тенкови?
Ако на армискиот канал има 300 војници и секој со 1 убиство прави просечен инфлуенс од 9.000, тоа е речиси 2,7 милиона удар во 10 секунди. Колку тенкови треба да тенкаат од другата страна за да го амортизираат овој удар.
Затоа ги повикувам сите војници вечерва да дојдат на армиски канал, да се наоружаме и да чекаме.
Секојдневно државата дели рефунд на 20 единици. Сите имаат во просек по 50 војници, тоа се вкупно 1.000 војници што се рефундирани од државата. Депримирачки делува кога ќе се види дека на армиски канал не доаѓа ниту 1/5 од нив. Затоа ајде вечерва да ги видиме тие војници! Или барем половина од нив.
А, ако повторно и вечерва имаме 100-тина војници и се мољакаме за секој удар, а додека ние губиме, да гледаме дека други си пукаат настрана, тогаш што да кажам: да ги разделиме средствата што ги има државата и да го затвориме „дуќанчето“ еМакедонија. Не заслужуваме да имаме држава! Па сите ќе одиме и ќе си пукаме за други држави! Тоа е и планот на Гејците, до 23 септевмри да ни ги земат сите територии за да немаме Конгрес, за да не можат да се пуштаат Закони за донации, за да нема државата пари...
Ама тоа не го сака никој од нас! Затоа ајде вечерва, ајде вечерва да маваме, да тепаме, да ги рокнеме така силно, за да се плашат од нас и кога спијат.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА
ДА ЖИВЕАТ ХРАБРИТЕ ЦИВИЛИ
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКАТА ГОРДОСТ
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА



ДОН ТАС
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА еМАКЕДОНИЈА