[Don Tas] Кина мора да падне!!!

Day 1,391, 02:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


МАКЕДОНИЈО!!!

денес денот го почнавме со убедлива победа, го задушивме востанието во Арабија. Иако во последните две - три рунди Грците тенкаа на страна на востаниците, сепак македонските војски и цивили победија.
Денес главен приоритет ни е да го запреме продорот на Кина на нашите територии. Откога ќе ја преземеме иницијативата, ги напаѓаме и ги ПОБЕДУВАМЕ во единствениот регион кој ни е на граница. Со тоа ќе заврши војната со жолтите и ќе се посветиме на Грција. Ќе почнеме полека пак да ја фарбаме се додека не ја обоиме во зелено. И ќе ја држиме долго!!! Ама многу долго!


Горди Македонци,
Македонија повторно победува - ИМПЕРИЈАТА ГО ВРАТИ УДАРОТ! Нема да застанеме тука. Не трошете се денес без наредба, да го насочиме целиот удар на едно место. Слушајте наредби! Заборавете ги денес знаменцата, ќе има време и за тоа.

Вчерашниот ден иако изгубивме се што можеше да се изгуби, ме направи горд, затоа што Македонија покажа дека и кога губи - сепак ПОБЕДУВА! Победи македонскиот дух, сплотеноста, соработката, разумот, свеста. Повторно Македонците се обединија. Голема почит од мене до сите вас и голема благодарност до поддршката што ја добив.

Сакам да објавам еден предлог: Веќе два дена е заглавена можноста да се донираат пари од трезорот во Народна Банка. Немаме веќе средства на располагање, со кои можеме да ја опремуваме војската и цивилите. На денешниот состанок на Генералштаб предложив (а генералите прифатија) да искористиме дел од државните резерви во злато, за да преживееме. За тоа денес ќе го информирам и Конгресот да ми даде одобрение. Не очекувајте бог знае колкав рефунд, ќе биде мининален, затоа апелиран до сите вас во овој период да искористите и дел од вашите резерви.

Горди Македонци - вие сте вистински победници, да им покажеме денес на Кинезите дека Александар Македонски живее во секој од нас. Да ги решиме. Од утре ја зелениме Грција, со Кинезите ќе се занимаваме покасно. Мора да им вратиме за ова, ќе ја прошириме нашата империја до Пекинг ако треба.

Сложно и победнички до нови победи!!!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКАТА ХРАБОСТ
ДА ЖИВЕЕЕ МАКЕДОНСКИОТ ДУХ

Дон Тас
претседател на еМакедонија